Database Developer (SQL Server)

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

DATABASE DEVELOPER (SQL SERVER)

Кандидатот ќе биде активно вклучен во постоечките и новите развојни решенија во рамките на компанијата и ќе биде одговорен за одржување на базите на податоци.

Потребни квалификации и вештини:

  • Работно искуство во MS SQL Server од најмалку 2 години
  • Искуство во дизајнирање и развој на бази на податоци во MS SQL Server
  • Искуство во пишување и оптимизирање на комплексни SQL барања
  • Одлични вербални и пишани комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност
  • Самоиницијативност и енергичност
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа на повеќе проекти истовремено
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Предност ќе имаат кандидатите со познавање на општите концепти на ERP софтверите.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ.

Своето CV (со слика) доставете го на нашата e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: "Database Developer".

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »