СМЕТКОВОДИТЕЛ

За компанијата: Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија. По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2017
  • EUROVIA
  • Активен до 16.01.2017
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Тетово
  • Телефон: +38971424000
  • Веб: www.eurovia.mk

Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија.

По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година. Пред себе постави цел да се креират капацитети кои ќе ги покријат сите видови на работа во градежништво; од преработка на проектна документација до реализација на повеќето комплексни градби во високо градежниот сектор.

Станете дел од нашиот успешен тим.

Со цел да се зајакне нашиот тим , го објавуваме овој  конкурс за позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Квалификации на кандидатот:

  • Минумум 2 години работно искуство;
  • Универзитетска диплома (Економски факултет);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office;
  • Комуникациски вештини;
  • Системски пристап, организираност и иницијативност.

Главни одговорности:

  • Обезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководствено работење;
  • Навременост, точност и корисност на даночните пријави, како и на Годишната завршна сметка;
  • Планирање на функционирање на сметководствениот систем и правила кои ќе бидат применети;
  • Комуникација со државни органи и консултантски агенции;
  • Управување на сметки за побарувања и обврски;
  • Пресметка и исплата на плати, даноци и придонеси;
  • Креирање на фактури и други финасиски документи;
  • Изработка и испраќање на извештаи за извршени уплати од страна на коминтенти;
  • Книжење во книговодство, на уплати и исплати, пресметки од камати, фактури, итн. како и контрола на аналитички картици;
  • Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Сметководител”.

Краен рок за пријавување 16/01/2017.

Контакт инфо:

ул.101 бр. 15, Желино – Тетово

(Aвтопат Мајка Тереза, бензинска пумпа Лукоил 025, во близина на Агрополог)

Канцеларија во Скопје:

Коле Неделковски 61 лок 1

Скопје, Македонија

Тел: +389 44 350 991

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »