За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е стабилна и развојно ориентирана компанија со 130 вработени.
Во рамки на нашиот понатамошен развој, бараме HR Менаџер кој ќе биде носител на HR функцијата и ќе има клучна улога во развојот на луѓето, организациската култура и HR процесите.
Доколку имате искуство во управување со човечки ресурси во компанија со над 100 вработени, умеете да градите доверба и партнерски односи и верувате дека успешните организации се градат преку мотивирани и ангажирани луѓе, ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Вашите одговорности
- Развој и имплементација на HR стратегија, политики и процедури.
- Развој и унапредување на организациската култура во согласност со вредностите на компанијата.
- Поддршка и советување на менаџерите во управувањето, мотивирањето и развојот на нивните тимови.
- Организирање и спроведување на процесите за регрутација, селекција, воведување и интеграција на нови вработени.
- Планирање и координација на програми за обука, професионален развој и задржување на вработените.
- Развој на интерната комуникација и јакнење на ангажираноста на вработените.
- Едукација на вработените за вредностите, политиките и Кодексот на однесување на компанијата.
- Превенција и конструктивно решавање на работни недоразбирања и конфликти.
- Следење и унапредување на HR процесите преку анализа на релевантни показатели.
Потребни квалификации
- Високо образование.
- Најмалку 3 години искуство во областа на човечки ресурси.
- Искуство во HR менаџмент во компанија со најмалку 100 вработени.
- Познавање на современи HR практики и работното законодавство.
- Одлични комуникациски, организациски и лидерски способности.
- Високо ниво на професионалност, интегритет, објективност и доверливост.
- Способност за градење партнерски односи, донесување одлуки и конструктивно решавање предизвици.
- Познавање на MS Office; познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
Кого бараме?
Личност која:
- знае да слуша и разбира;
- гради авторитет преку знаење, професионалност и личен пример;
- создава доверба и ги поврзува луѓето со заедничките цели;
- размислува стратешки, а делува практично;
- е проактивна, одговорна и посветена на континуирано подобрување.
Што нуди Новомак?
- Работа во стабилна компанија со 130 вработени и јасна визија за развој.
- Можност да имате директно влијание врз развојот на луѓето и организацијата.
- Самостојна и одговорна позиција со значајна улога во донесувањето HR одлуки.
- Професионален развој и можности за континуирано усовршување.
- Позитивна работна средина заснована на почит, соработка и доверба.
Начин на аплицирање
Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ја вашата биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
Останати огласи »