Платена практикантска работа

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат за:

Платена практиканска работа

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и со висок степен на концентрација при извршување на работните обврски. Тимската работа и добрите комуникациски вештини се задолжителни.

Позицијата вклучува:

  • Проверка на соодветност на документи пристигнати од филијалите на компанијата
  • Соодветно селектирање, внесување и архивирање на документација
  • Доставување на извештаи од спроведени работни обврски
  • Комуникација со одговорното лице за проектот
  • Увид во финансиската дејност и класификација на потребна документација

Профил на кандидат:

  • Активен барател на работа во АВРМ и завршено образование
  • Со или без работно искуство
  • Висок степен на концентрација и внимание на детали за правилно класифицирање, проверка и селекција на доверливи податоци и нивно архивирање;
  • Доверливост и професионален пристап во комуникацијата
  • Одговорност за завршување на работните обврски и доставување на усмени/писмени извештаи за текот на работните обврски
  • Познавање на работа со компјутери
  • Самоиницијативност, одлучност и амбициозност

Услови од компанијата:

  • Платена практиканска работа во период за период до 3 месеци
  • Современа и најнова технологија
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Обука од искусен вработен
  • Можност за вработување по завршување на праксата

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик преку полето Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »