ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ТЕТОВО

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас   
 
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 
  
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Тетово во Група 1, бараме: 
 
 ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ТЕТОВО (М/Ж) 
 
 Работни задачи: 
 
• Обработка на барања и поплаки од корисниците
• Планирање и проектирање на електроенергетски објекти
• Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на  електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците
• Прием, обработка, чување и средување на документација
• Контрола на приклучоци и мерни места. 
 
Потребни квалификации:
 

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Познавање и користење на MS Office,   
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност, 
  • Способност за работа во рокови, 
  • Возачка дозвола,   
  • Исполнителност и одговорност,   
  • Флексибилност,   
  • Тимска работа. 

 
 Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 30.11.2018
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација www.evn.mk, [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »