За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Планирање на потребата од материјали
- Правење на нарачки на материјали
- Праќање распоред и план за испораки до добавувачите
- Одржување на база на податоци
- Одржување на податоците за работни станици
- Конфигурирање на податоците за материјали
- Анализа на залихите
- Внесување и следење на жалбите кои доаѓаат заради различни количини и несоодветен квалитет
- Контакт со добавувачите во однос на количините и датумите
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома од технички факултет – предност ќе имаат кандидати од Машински факултет и Електро факултет
- Претходно работно искуство во логистика ќе се смета за предност
- Способност за прецизна работа со детали
- Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
- Способен за превземање иницијатива во работењето
- Напредно познавање на Microsoft Office
- Течен говорен и пишан Англиски и Македонски јазик
ШТО НУДИМЕ:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 30.11.2022 година
Слични огласи »