За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје, ДЕКРА ја објавува позицијата:
Соработник за трговски маркетинг (Trade Marketing Associate)
Опис на работното место:
- Вклученост во иницијалната фаза на давање предлози за производство во приспособени локации како и набавка и одржување на материјали за продажни места;
- Обезбедување успешно спроведување на стратегиите за маркетинг за одредена целна група на потенцијални потрошувачи во насоките за брендот низ каналот за директна и индиректна малопродажба;
- Следење на сите глобални насоки како и иницијативи на локалниот пазар, со цел да се обезбеди најдобрата можна визуелна трговија и извонредност во извршувањето низ каналите;
- Изработка на детален план за набавка на материјали за малопродажба, во координација со добавувачите од секторот за набавка и да се осигура навремена испорака на разни промотивни ставки;
- Обезбедување на униформи за персоналот за малопродажба во согласност со глобалните насоки и со цел да се обезбеди најдобар прв впечаток за нашите потрошувачи;
- Управување и мониторирање на количината на сите материјали и нивна правилна и навремена дистрибуција низ каналите;
- Комуникација со тимот за ланец на добавувачи и известување за престојните проекти во согласност со царинските процедури и активности;
- Спроведување на сите кампањи за продажба на уреди во сите достапни канали на продажба, активирана според периодот на траење, упатства и кратки белешки за да се информираат важните засегнати страни.
Потребни квалификации:
- Завршено Високо образование; Економија, Маркетинг или слична област;
- 1-3 години работно искуство на иста или слична позиција во FMCG индустрија или агенција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Силни вештини за презентација со способност за изнесување заклучоци;
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Организациски способности;
- Способност за самостојно работење и работа во динамична средина;
- Организирање на проектен план;
- Напредно познавање на MS Office.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »