Соработник за ИТ систем

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Соработник за ИТ систем 

  • Дава поддршка на вработените во врска со сите нивни прашања и/или евентуални проблеми при користење на апликативните системи на Друштвото;
  • Се грижи за одржување на компјутерската мрежа и новите верзии на апликативните програми;
  • Врши бек-ап на податоците, согласно утврдените правила;
  • Ги обучува вработените за употреба на мрежата за електронска обработка на податоци;
  • Ја инсталира компјутерската мрежа во сите локации на Друштвото;
  • Води евиденција за сите компјутери и друга електронска опрема и ја известува Дирекцијата за финансии за задолжување на вработени со истите;
  • Се грижи за непречено функционирање на електронската мрежа на обработка на податоците и за било какви евидентирани пропусти ги евидентира своите претпоставени;
  • Води евиденција за сите проблеми кои ги пријавуваат вработени во дирекција и Филијали и преземени активности по истите;
  • Одговара за менаџирање на целокупната електронска опрема;
  • Ги воспоставува врските на Друштвото преку интернет и се грижи за функционирање на веб страна на Друштвото;
  • Врши и други работи на барање на претпоставени.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование VI/1 степен;
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку 1 (една) година;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
  • Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.

Бенефиции:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Соработник за ИТ систем”.

Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »