Административен асистент во логистика - БИТОЛА

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Цермат ДОО – е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Компанија која е лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот,  со над 250 вработени, со седиште во Битола, поради зголемен обем на работа, има потреба од вработување на високомотивирани личности кои одговараат на описот за следната работна позиција:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ВО ЛОГИСТИКА

Потребни квалификации:

  • Висока стручна спрема, предност ќе имаат кандидатите со Факултет за шпедиција / транспорт,
  • Задолжително одлично познавање на англиски јазик,
  • Задолжително познавање на работа со компјутер,
  • Одлични комуникациски вештини,  способност за тимска работа, организациска способност, лојалност и целосна посветеност на работните задачи.
  • Работно искуство не е потребно.

Опис на работни задачи:

  • Изработка на потребна документација,
  • Следење на меѓународни стандарди за транспорт и логистика во ЕУ и останати земји.
  • Ефикасно администрирање на сите процеси поврзани со ветеринарен инспекторат за храна
  • Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење.​

Заинтересираните кандидати да достават CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: За административен асистент во логистика.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »