Асистент во Финансии

За компанијата: Монета Финанциал Сервицес ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција (НБФИ) и е водечка компанија во Северна Македонија, специјализирана за обезбедување финансиски услуги за брз трансфер на пари. Лиценцирано... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р. Македонија како  Давател на услугата Брз Трансфер на Пари - MoneyGram, oбјавува :

                                                                 ОГЛАС

                                         за Асистент во Секторот за Финансии

 

Работни задачи и одговорности:

  • Регистрација на прифатените сметководствени документи во сметководствен софтверски систем;
  • Порамнување на сметките на суб-агенти на дневна основа;
  • Порамнување на сметки за плаќање и побарувањата со деловни партнери во одредено време;
  • Редовно одржување на регистар на основни средства, пресметка на амортизација и доставување на податоци за сметководствена регистрација на главниот сметководител;
  • Редовна евиденција на нови средства и отстранување на оние што не се во употреба;
  • Проверка на сметководствената евиденција и трошоци;
  • Обезбедува овластувања за сите расходи во буџетските линии;
  • Врши и други работи од областа на сметководството, финансиите или други административни работи по барање на главниот сметководител или од други структури за управување.

 

Подготовка и професионални вештини:

  • Високо образование - Eкономски факултет;
  • Висока флексибилност во користењето на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик;
  • Предност е познавање на Албански јазик;
  • Интерперсонални вештини за управување;
  • Организациски и аналитички вештини;
  • Предност имаат кандидатите со уверение за сметководител од ИСОС.”

 

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Асистент во Сектор за финансии”.

 

Напомена:

Огласот важи од 10.10.2019 година до 23.10.2019 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »