Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 95,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 97,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот за 3,943%, кај екстра лесното масло за 3,308% и кај мазутот зголемувањето е за 1,135%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602%.-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија. Присутни во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија, Кина, Германија,Србија, а отсега и во Македонија! Во МЕРЕ маркетите главниот акцент е ставен на директната соработка со произведувачите кои можат да понудат одличен квалитет по ниски цени. Ниските цени се тоа што со сигурност може да го добиете во МЕРЕ маркетите. 

Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

Промовирани огласи »

Возраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. 

Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како услов за пензија. Според податоците од пензиските фондови, најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија.

Во земјите од Балканот, возраста на која може да се оствари пензија е слична и се движи околу 64-65 години. Во Македонија мажите се пензионираат на 64, жените на 62 години, со можност по желба да продолжат да работат до 64, како и мажите.

Но, разлики има и во очекуваниот животен век, кој при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години. Италија има очекуван животен век од 82,3 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат.

Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години.

Животниот век при раѓање во земјава споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија е скарен за за 1,5 години.

Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Италијанците мора да работат најдолго. Условот и за мажите и за жените е 67 години и 20 години работен стаж, за предвремено пензионирање потребно е да имаат 63 години и три децении запишани во работната книшка или 36 години работа на опасни работни места.

Една од можностите за предвремено заминување е да се има 62 години и 38 години работно искуство. Но, тие имаат и доста долг очекуван животен век од 82,3 години.

Мажите и жените во Грција треба да работат до 67 години и да имаат најмалку 15 години стаж, исто како и Норвежаните. Но, во Грција остварувањето на право на пензија е можно и на 62 години и за мажи и за жени, но само доколку имаат над 40 години работен стаж. И во Норвешка старосната граница е 67 години, но може да се оди во пензија и по навршување 62 години ако се има поголем стаж. И Грција, како и Италија, има прилично долг очекуван животен век, кој во 2020 година изнесувал 81,4 години.

Подолго се работи и во Холандија каде условите за пензионирање за мажи и жени се до 66 години и седум месеци. Меѓутоа, на тие во Холандија им требаат само пет години работно искуство или исто толку години престој во оваа земја, a имаат и очекуван животен век над 80 години.

Во Русија во пензија се оди со 61 година и 6 месеци старост и 13 година пензиски стаж за мажи и 56 години и 6 месеци старост и 13 година стаж за жени. Исто така, можно е и предвремено пензионирање доколку имате поголем број години пензиски стаж.

Во земјите во регионот старосната возраст на која може да се оствари пензија се слични и се движат околу 64-65 години. Во Србија, на пример, годинава мажите во пензија ќе можат да одат со 65 годишна возраст и најмалку 15 години стаж, а жените со навршени 63 години и четири месеци, и исто така 15 години работен стаж. Во пензија и едните и другите ќе можат да одат со 45-годишен стаж без разлика на возраста. Очекуваниот животен век во Србија – 74,5 години.

Во земјава условот за остварување на правото на старосна пензија за мажи е кога ќе наполнат 64 години, односно 62 години за жена и најмалку 15 години работен стаж за прв пат е уреден во Законот за пензиското и инвалидското осигурување донесен во 2000 година.

Во преодниот период од 1 септември 2000 година до 31 декември 2001 година, односно 31 декември 2007 година, старосната граница за стекнување право на старосна пензија за маж и жена постепено се зголемува, велат од МТСП.

Претходно, согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување од крајот на 1993 година, кој е прв со кој се уредува пензиското и инвалидското осигурување по осамостојување на земјава, условите за стекнување право на старосна пензија биле 63 години за мажи и 60 години за жени со најмалку 20 години стаж. Оние осигуреници кои не наполниле пензиски стаж од 20 години стекнуваат право на старосна пензија кога ќе наполнат 65 години живот (маж), односно 63 години (жена) и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Според податоците од МТСП, со законски изменувања и дополнувања од 2001 година се уредува дека осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години (маж), односно 30 години (жена), правото на старосна пензија можат да остварат и со исполнување на 40 години (маж), односно 35 години (жена) пензиски стаж, без оглед на возраста.

Промовирани огласи »

Во среда завршува рокот на дел од антикризните мерки по што се очекува дополнително поскапување на основните прехранбени производи.

Според информациите на Сител, се очекува маслото за јадење на поскапи за 7 денари, а лебот за дополнителни 2 денари. Млекото би било поскапи за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.

Собранието во март ги усвои антикризните мерки предложени од Владата со кои се намалува ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5% на 0% и се намалува акцизата на горивата, Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.

Со слободување на плаќање на ДДВ се опфатени лебот, брашното тип-400, шеќерот, маслото, кравјото млеко, месото, оризот и јајцата. 

Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »