Промовирани огласи »

Webhelp е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители.

Моментално вработува:

CLIENT ADVISER – GERMAN

Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа.

Моментално има отворено повеќе работни позиции, активните огласи погледнете ги ТУКА

Смарт Мани Солушнс е осигурително брокерско друштво овластено да врши осигурително брокерски работи. Со повеќе од 20 години искуство, посветно работиме на остварувањето на нашата голема мисија: „Финансиска писменост во секоја куќа“ и наша главна цел е да им помогнеме на нашите клиенти соодветно да ги заштитат своите приходи и да ги имплементираат најдобрите финансиски решенија за себе и своето семејство.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИ И СОРАБОТНИЦИ

УНХЦР (ВИСОК КОМЕСАРИЈАТ ЗА БЕГАЛЦИ НА ОН) канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации агенција под надлежност на Обединетите Нации со мандат за заштита и поддршка на бегалците на барање на владите или на самите ОН и помага во нивна ресоцијализација и интеграција или сместување во друга замја.

Моментално вработува:

SENIOR PROJECT CONTROL ASSISTANT

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина.

Моментално вработува:

РЕВИЗОР

Леар Корпорација е интернaционална компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта.

Моментално има отворено пoвеќе работни позиции, сите активни огласи и програми за пракса можете да ги најдете ТУКА

Калабалак градска кафеана во срцето на Скопје создадена за сите оние кои знаат да уживаат.

Моментално има отворено повеќе работни позиции, сите активни огласи погледнете ги ТУКА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона.

Сите активни огласи погледнете ги ТУКА

АСПАЈР компанија која се бави со консалтинг услуги.

Моментално вработува:

МАРКЕТИНГ АГЕНТ

Промовирани огласи »

Францускиот министер за економија и финансии во неделата предупреди дека Русија најверојатно целосно ќе го исклучи снабдувањето со природен гас за Европа.

Овој потег ќе биде сеизмички шок за светската геополитика и ќе го поништи деценискиот развој во Европа предвиденa за продажбата на енергија. ЕУ го намали уделот во својата енергија што доаѓа од Русија од околу 40 на 20 отсто, според белгиските вести.

На 7-ми јули Франција го изнесе нацрт законот кој ќе му овозможи да бара електрични централи на гас, објави Ројтерс. Ле Мар, кој во неделата разговараше со новинарите, предложи земјата да биде подготвена да ги идентификува клучните претпријатија чие снабдување со енергија треба да биде приоритетно и клучно за Европа.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 102,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 104,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Во име на здружението АДКОМ кое ги обединува јавните комунални претпријатија, даватели на комунални услуги кои функционираат на територијата на целата држава упатуваме јавен апел до владата за помош, за справување на последиците од тешката економска криза која се чувствува и во нашето работење.

Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на бензините кој е речиси сто процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење.

Како претпријатија кои сме даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макро економски предизвици со кои се соочуваме.

Повеќе години цените на услугите кои ги даваме за граѓаните се на истото ниво и покрај тоа што трошоците за електрична енергија се покачени за 3 до 5 пати, и покрај тоа што бензините се зголемија за дупло од цената која беше пред година и половина. Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква состојба излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги.

Владата како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи што директно имаше импакт врз нашето финансико работење и опстојување, бараме да излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите.

Воедно спремни сме за средба на која ќе разговараме за кртичната состојба во нашите претпријатија бидејќи кризата го доведува во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги и квалитетно снабдување на вода за пиење. Ваквите примери на субвенционирање на трошоците во работењето на притпријатијата од ваков тип на услуги е воведен пример во повеќе европски држави.

Воедно владата веќе се обврза на секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот, при што бараме да ја има во предвид најсуштествената област а тоа е цената за вода за пиење и цената на услугите за собирање на отпадот. Не сакаме да се доведеме во ситуација на уште еден ценовен удар што би значело повисоки сметки за граѓаните на кое ќе бидеме приморани доколку владата нема слух за нашите барања и потреби, велат од АДКОМ.

 
 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »