Промовирани огласи »

Новиот тренд на „Тик-ток“, што вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, е оценет како опасен по здравјето.

Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето.

Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста… Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник.

Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос.

И д-р Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за опасноста од затнувањето на устата.

За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици… Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши Вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави тој за „Њусвик“.

Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето. 

Промовирани огласи »

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. 

Промовирани огласи »

Претприемачот чувствува интерес да иновира и за возврат, да имплементира нови форми на бизнис, каде што ќе покаже креативност да се вклучи во светот на нови идеи. 

Претприемачите имаат една заедничка работа: сите тие се во потрага по опстанок и раст. Но, тие користат различни стратегии за раст на својот бизнис.

Подолу ви ги претставуваме четирите типа на претприемачи:

  1. Иницијатор - им доаѓа можност (или не);
  2. Конзервативн - многу умерено користење на ресурсите, заштита на постоечките ресурси;
  3. Агресивен - проактивен, all-in, активно бара можност;
  4. Иноватор/револуционер - достигнува раст преку иновација.

Секој нов хоризонт предизвикува несигурност поради непознатото, но претприемништвото со себе носи силни страни кои помагаат да се расчистат сомнежите и грижите кои преку иновации можат да се претворат во амбициозни проекти.

Она што е најважно е да се има прецизна задача која ќе биде фокусирана во самите цели кои по примената на стратегијата, можат да се претворат во сакани резултати од новиот бизнис.

Промовирани огласи »

Mагазинот Global Finance состави листа на најбогати земји на светот според БДП по глава на жител. На врвот е Луксембург. Оваа мала европска земја има високообразовани граѓани, одлични примања и ниска невработеност.

Луксембург има само околу 630.000 жители, но неговиот БДП по жител е околу 140.000 долари, поради што е пред другите земји во Европа и светот. На второ место е Сингапур со 131.580 долари БДП по глава на жител и Ирска со околу 125.000 долари, пренесува Punkufer.

Во топ 10 се најдоа уште две европски земји – Швајцарија на 6-то место и Норвешка на 8-то место, додека останатите се Катар, Макао, Обединетите Арапски Емирати, САД и Брунеи.

10-те најбогати земји во светот на Global Finance по БДП по глава на жител:

  • Луксембург, 140.694 долари по глава на жител
  • Сингапур, 131.580 долари по глава на жител
  • Ирска, 124.596 долари по глава на жител
  • Катар, 112.789 долари по глава на жител
  • Макао, 85.611 долари по глава на жител
  • Швајцарија, 84.658 долари по глава на жител
  • Обединети Арапски Емирати, 78.255 долари по глава на жител
  • Норвешка, 77.808 долари по глава на жител
  • САД, 76.027 долари по глава на жител
  • Брунеи, 74.953 долари по глава на жител

И според Евростат, претходните години Луксембуг беше лидер по висината на платите. 
foto freepik.com/sabinoparente

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »