Промовирани огласи »

Акциите на компанијата во текот на ноќта паднаа за 2 отсто.

Глобалниот онлајн трговец на мало, Амазон, планира да отпушти околу 10.000 вработени на корпоративни и технолошки позиции - почнувајќи од оваа недела, пишува New York Times.

Оваа информација ја објави и WSJ повикувајќи се на доверливи извори и наведе дека компанијата има намера да отпушти „неколку илјади вработени“.

Тоа, инаку, би било најголемото намалување на работната сила во историјата на Амазон, но не и во технолошкиот сектор. Потсетуваме дека оваа „победа“, во смисла на еден круг отпуштања, Мета ја извојува минатата недела, со дури 11.000 отпуштени работници.

Исто така, на Твитер беа најавени масовни отпуштања, каде што беа погодени 50% од работната сила.

Сегашната одлука на Амазон првенствено ќе влијае на системот на организацијата, секторите за малопродажба и човечки ресурси, се вели во извештајот. Овој обем на отпуштања би претставувал помалку од 1,0 отсто од глобалната работна сила на Амазон и 3,0 отсто од вработените во корпоративната поделба.

Амазон, инаку, пријавил 798.000 вработени на крајот на 2019 година, само за да пријави 1,6 милиони вработени со полно и со скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 проценти. „Њујорк тајмс“ понатаму вели дека вкупниот број на отпуштања „останува течен“ и може да се промени.

Акциите на Амазон паднаа за околу 2,0 отсто во текот на ноќта на берзата во Њујорк.

Од друга страна, вчера светот ја слушна веста дека милијардерот Џеф Безос, основачот на Amazon, планира поголем дел од своите пари да ги донира.

Фото: unsplash

Промовирани огласи »

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува денеска и ќе трае до 15 март следната година.

Обврската е пропишана во член 361 од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.  Исто така, полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, стои во Законот.

Правилник за задолжителна опрема во возилото под зимска опрема:

1.9 Зимска опрема

Член 11

(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:

  • зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

  • зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:

  • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.  

Промовирани огласи »

Неодамна Владата одлучи, а истовременои поднесе Закон до парламентот, за Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат:

корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

  • финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;
  • финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.

Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY.

INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY е приватна, непрофитна високообразовна институција во сопственост на фондација, основана во 2006 година во Скопје. Самиот Универзитет нуди квалитетни образовни програми за идните студенти кои сакаат да се изградат во квалитетни личности кои успешно ќе ја лансираат својата кариера кон скалилата на успехот.

Во моментов се активни следниве работни позиции за кои можете да аплицирате:

ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
АРХИВАР/КА
БИБЛИОТЕКАР/КА
СМЕТКОВОДИТЕЛ
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР/АРХИТЕКТ
АДМИНИСТРАТОР ВО КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТУДЕНТСКО СМЕТКОВОДСТВО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »