Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Групацијата Calzedonia, основана во Италија во 1986 година од Сандро Веронези. Триесет години бележи постојан, солиден раст во однос на прометот и проширувањето, создавањето успешни производи и брендови, воспоставување на меѓународно модно присуство во малопродажбата и вклучување во се поголем број сектори. Нашата малопродажна мрежа постојано се развива и меѓународниот раст е приоритет за компанијата. Се наоѓаме во период на брза експанзија и комерцијален раст затоа константно го прошируваме својот тим.

Моментално е активно следното работно место:

МЕНАЏЕР/КА НА ПРОДАВНИЦА - EAST GATE

„Grand – Eksport Grand Foods Corporation“, најголемата и технолошки најсовремената фабрика за производство на кроасани во Југоисточна Европа. Поради проширување на капацитетите во производство во потрага сме по нови кандидати. 

Моментално се отворени следниве работни позиции:

СМЕНОВОДИТЕЛ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
ХИГИЕНИЧАР ВО ПРОИЗВОДСТВО

UNIQA Insurance Group е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа. 22,400 вработени и партнерите опслужуваат 16 милиони коминтенти во 18 држави.

Моментално вработува:

СТАТИСТИЧАР ВО СЕКТОР ЗА АКТУАРСКИ РАБОТИ

Универзитет Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. УАКС е основан под закрила на мотото дека сите луѓе се збогатени преку образованието. Основан во 2005-та година, како еден од неколкуте приватни и независни универзитети во Македонија, ја стекнува својата првобитна акредитација од страна на Одборот за акредитација и решението за вршење високообразовна дејност од страна на Министерството за образование и наука на РМ.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

DIGITAL MARKETING OFFICER
PROFESSORS IN MATHEMATICS AND COMPUTER SCIENCE

Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа. Воспоставена е соработка со реномирани европски и светски издавачки куќи на полето на копродукцијата и белетристиката.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Денес, Техномаркет Македонија има 19 продажни салони ширум земјава, со тенденција за отворање на уште нови – во сите поголеми градови низ Македонија, сопствена логистичка мрежа како и онлајн продавница.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧИ/КИ ВО ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше над 360 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и корисничките услуги.

Моментално вработува:

EP TRAINEES – PLANIFIKIMI DHE PROKURIMI I ENERGJISË
EP TRAINEES – ПЛАНИРАЊЕ И НАБАВКА НА ЕНЕРГИЈА

 

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. Моментално го прошируваме својот тим.

Отворено е следното работно место:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Wabtec е водечки светски снабдувач на опрема, системи, дигитални решенија и услуги со додадена вредност за товарниот и транзитниот железнички сектор. Потпирајќи се на повеќе од 150 години искуство, ние го водиме патот во безбедноста, ефикасноста, доверливоста, иновациите и продуктивноста. Без разлика дали е товарен, транзитен, рударски, индустриски или морски, нашата експертиза, технологии и луѓе – заедно – ја забрзуваат иднината на транспортот. Нашите луѓе, со нивниот извонреден колективен талент, визија и искуство се нашиот најголем адут. Нашиот динамичен лидерски тим има докажана стратегија за зајакнување на над 27.000 вработени во над 50 земји ширум светот.

Моментално се отворени следните работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ДОБАВУВАЧИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ ТРОШОЦИ
СИСТЕМ ИНЖЕНЕР

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 3,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 80,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 78,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 76,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.

Промовирани огласи »

Комуникациските вештини се важен аспект на успехот во речиси секоја работна индустрија. Ефективните комуникациски вештини градат јасно разбирање помеѓу вас и вашите колеги. Користењето на овие вештини ја подобрува вашата способност да пренесувате идеи и емоции, да ги слушате другите, соодветно да реагирате и да собирате информации околу вас. Слушањето може да ви донесе поголем успех во кариерата и задоволството на работното место.

Ова се неколку совети што треба да ги земете во предвид за да ги подобрите вашите комуникациски вештини на работното место и да станете што е можно поуспешни.

Слушајте со разбирање

Кога разговарате со друг или пак за време на презентација, не заборавајте да  му посветите внимание на лицето што зборува. Отфрлете го секое одвлекување на вниманието, исклучете ги телефоните и исклучете ги известувањата од социјалните мрежи. Фокусирајте се на тоа да бидете во моментот психички тука и користете го говорот на тело како показател на вашиот интерес за она што другиот го зборува. Свртете го телото кон поединецот кој зборува, седнете или застанете право за да покажете заинтересираност. Користењето на овие вештини за слушање на работното место покажува дека ги почитувате идеите на другите.

Бидете свесни за луѓето околу вас додека зборувате

Комуникацијата е постојано давање и преземање на информации. Дури и кога не зборувате, начинот на кој се однесувате испраќа знаци до другите. На работното место, голем дел од вашата комуникација е формална и треба да содржи јазик кој е почитуван и конструктивен за комуникација и одржување на професионализмот.

Изразете емпатија

Повеќето луѓе ќе бидат поспремни да комуницираат и да ве слушат ако знаат дека и вие ги слушате нив кога е потребно. Способноста да се разберат туѓите чувства или со нивно потврдување и повторување или со давање невербални знаци како што се климање со главата и насмевка, открива емоционална интелигенција.

Пробајте да ги користете сите овие совети одеднаш. Или пак само неколку во исто време додека не станат вообичаени, постепено ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини додека не станат најдобри што можат. Кога ќе станете подобар слушател и комуникатор, другите околу вас ќе ги забележат вашите напори и ќе го следат примерот.

Промовирани огласи »

Твитер синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск.

Твитер синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите.

Суспендирани се профилите на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарот на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О’Саливан и новинарот на Машебл, Мет Бајндер. Суспендиран е и профилот на независниот новинар Арон Рупар кој известува за американската политика.

Портпаролот на „Њујорк тајмс“ изјави дека суспендирањето на профилите на Твитер на голем број истакнати новинари е сомнително и несреќно и оти тие не добиле никакво објаснување зошто тоа се случило.

Си-Ен-Ен соопшти дека суспензиите се загрижувачки, но не и изненадувачки, побара објаснување и додаде дека ќе го преиспита својот однос со платформата врз основа на одговорот.

Твитер, исто така, суспендираше профил кој го следи приватниот авион на Маск во реално време користејќи податоци достапни во јавниот домен. Маск се закани со правна постапка против операторот на профилот поради загрозување на семејството.

Тој, исто така, го суспендираше официјалниот профил на социјалната мрежа Мастодон, која се појави како алтернатива на Твитер откако Маск го купи.

Суспензиите доаѓаат откако Маск повеќепати вети дека ќе ја поддржи апсолутната слобода на говор на платформата што ја купи за 44 милијарди долари во октомври. Тој го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше суспендиран од Твитер поради неговите постапки поврзани со нападот на американскиот Капитол.

Откако отпушти илјадници вработени откако беше преземен од Маск, Твитер работи со значително намален број вработени. Сега во голема мера се потпира на автоматизирање на модерирање на содржината, отстранување на одредени рачни прегледи и фаворизирање на ограничувањата на дистрибуција наместо целосно отстранување на одреден говор, изјави пред извесно време новата шефица за доверба и безбедност Ела Ирвин.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »