Балансот помеѓу семејните обврски и потребата за економска независност го прават претприемаштвото предизвик за иновации и истрајност. Постојат четири столба кои може да ги подготват сите луѓе кои размислуваат да одат во насока кон претприемништво, без разлика дали имате искуство од претходно или пак почнувате од нула.
Обуката претставува еден од најважните столбови за претприемач. Треба да бидете во тек со прашањата кои што најмногу го засегаат бизнисот, а тоа ќе ви овозможи да генерирате нови идеи и да го подобрите донесувањето на одлуките. Важно е да имате добар маркетинг или промоција на производи и услуги, операции или процесот на производство, изработка на производите како и финансиите кои на крајот ќе бидат најобјективен показател за перформансите на вашиот бизнис и продажба, бидејќи без продажба нема да има приход.
Следниот столб е да бидете поврзани со многу луѓе. Бизнисот никогаш неможете да го водите сами. Треба да бидете опкружени со искусни луѓе кои би можеле да придонесат нешто за вашиот бизнис и да имате мрежа на сојузници за она за што сметате дека сте помалку добри.
Третиот столб е рекламирање на вашиот бизнис на специјализирани страници наменети за истото, кои што ќе може да одговорат на прашањата што всушност вие правите, зошто го правите тоа, каде може да ве најдат и какво мислење имаат останатите клиенти за вас.
Четвртиот столб се однесува на начинот на плакање. Убаво би било доколку прифатите повеќе начини на плаќање, од готовина па се до електронско плаќање, бидејќи електронскиот начин на плаќање дава пристап до повеќе клиенти.