Промовирани огласи »

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование - универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка. 

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто.

Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во РС Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела  истражувањет со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текпт на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5 отсто, со ниво на доверба од 95 отсто. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ – СТРУМИЦА

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот „ZIA“ кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот со 4 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат и East Gate Mall, 1 спрат. Еден од нашите најважни приоритети е квалитетен кадар кој е задоволен од условите за работа.

Моментално е отворено следното работно место:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Константно се стремиме кон унапредување на производството, затоа константно го прошируваме и својот тим.

Моментално е отворено следното работно место:

EЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – ЕЛЕКТРОНИКА

Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 29 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР

Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании на македонскиот пазар, постојано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар и градејќи здрав еко систем за своите корисници. Партнерствата со многу производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои ќе се вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Моментално се активни следниве работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ (UPS, ГЕНЕРАТОРИ И СЛ.) ЗА НАПОЈУВАЊE
SENIOR .NET DEVELOPER
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - СО РАБОТНО ИСКУСТВО

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА CNC МАШИНА
ХЕМИСКИ ИНЖИНЕР

KFC еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

Моментално вработува:

RESTAURANT GENERAL MANAGER

Tezenis беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза. Од 2003 година, Tezenis има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа. Успехот на Tezenis се должи на голем број фактори: примарни локации, огромен асортиман на производи, многу конкурентни цени и продажни техники со иновативно малопродажба.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Нашите производи може да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 346 производствени операции и 93 развојни производи, инженерски и продажни центри во 27 земји. Имаме над 152.000 вработени фокусирани на обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на   референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола  и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50. 

Согласно Законот за возила,  доколку возилото е во сообраќај  со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.   

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија ги објави цените кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за  транспорт од 01.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на  Еуросупер БС-98 изнесува 86,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,346 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »