Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е компанија со долгогодишна традиција, и оваа година правиме 25 години од нашето формирање.
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворено е следното работно место:
Дипломиран електро инженер за електроника
Опис на работно место:
- Ја утврдува политиката на одржување, го прегледува движењето на трошоците и резултатите од работењето на постројките;
- Учествува во изработка на програмите за периодични испитувања на орудијата и уредите за работа;
- Го контролира обемот и квалитетот на извршената работа;
- Ги контролира и спроведува потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
- Соработува со надворешни фирми.
Основна одговорност:
- Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.
Основни квалификации на кандидатите:
- Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер;
- Со или без работно искуство;
- Познавање на англиски јазик.
Дополнителни квалификации на кандидатите:
- Способност за планирање и менаџирање;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Прецизност и аналитичност;
- Способност за работа под притисок и со рокови;
- Тимска работа и кооперативност.
Што ние нудиме:
- За инженери без искуство почетна плата од 30.000 денари;
- За инженери со искуство конкурентска плата по договор во зависност од искуството и знаењето;
- Обезбеден превоз и храна или надомест за истото;
- Бонуси во зависност од перформансот;
- Приватно здравствено осигурување;
- Динамично опкружување со можност за учење, развој и напредок;
- Позитивна работна средина.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 10.02.2023 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Слични огласи »