Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Од 7.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар);

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар);

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар).

Промовирани огласи »

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Фокусот во старт, посочува Битиќи во интервју за Дојче веле, е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.

Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата.Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји, вели Битиќи.

Ние како Западен Балкан,посочува, немаме таква миграциска политика за да кажеме кон кого се отвораме.

Но првиот исчекор го направивме пред година и половина со иницијативата „Отворен Балкан“. Дел од овој процес се и законските решенија за единствен идентификациски број на трите земји Србија, Северна Македонија и Албанија, што е поврзано со една од вредностите на Европската унија, а тоа е мобилноста. Да може работната сила полесно да доаѓа. Извештајот на ОЕЦД покажува дека интрамиграциските движења во Западен Балкан се на ниво на 15 отсто од вкупното миграциско движење. Постоело и претходно, постои и сега, ама ние сакаме да го артикулираме уште повеќе за да ги искористиме сите потенцијали од Западен Балкан, затоа што и културолошки сме поблиски. Луѓето многу полесно ќе се движат и снаоѓаат на пазарот на труд, појаснува Битиќи.

Порачува дека не би требало да имаме привилегирана земја кон која ќе се насочиме и затоа, како што вели, неделава ќе разговараме детално со стопанските комори, организацијата на работодавачите, за да видиме што, каде и колку ни е потребно.

Има одредени сектори кои покажуваат преголема ранливост, како на пример градежништвото, угостителството и туризмот како најпогодени. Но треба да видиме конкретно и за другите потреби, затоа и зборуваме и ќе разговараме со бизнис заедницата кои се другите потреби и што треба да направиме. Прво ќе ги идентификуваме сите сектори и ќе мора да воведеме правила. Нема да дозволиме во одредени сектори 90 отсто од работниците да бидат увезени, а 10 отсто да бидат наши. Мора да има приоритет јавниот интерес и секако заштитата на нашите граѓани е на прво место. Ние можеме да обезбедиме да донесeме, да помогнеме, но не да бидат тие носечки кадри. Со стратегијата на носење на работна сила, да се зголеми конкурентноста, а тоа е прв момент кон зголемување на продуктивноста, вели Битиќи.

Во нашата земја, како што истакнува, веќе имаме работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина

Имаме и работници од други земји. Ние размислуваме дека на пример е дојдено време за проширување на квотите. Првиот исчекор е да се движи во делот на годишните квоти.Сегашната квота е пет илјади на годишно ниво и таа бргу се пополнува. Веќе имаме и потреба за работна сила за одредени поголеми инфраструктурни проекти. Лично сметам дека бројката треба да се зголеми, најмалку двојно, но да не прејудицирам и да оставиме тоа да биде резултат од разговорите кои ќе ги водиме, порачува Битиќи. Имаме земји, додава, каде квотите се одредуваат билатерално со некоја држава.

Но големината на нашата економија не е таква да изискува големи квоти. Но ако се заклучи дека тоа треба, зошто и да не го направиме. Но клучно е што и да направиме дека мора да биде контролирано. Низ институциите на системот, законските регулативи, посочува Битиќи. Според него, подобро е да има 100 евидентирани и лесно контролирани работници со сите заштитени човекови права, отколку 100 илегални кои не се заштитени.

Пазарот на труд годишно бара 10 до 15 илјади места. Пред кризата стигнавме и до 25 илјади во една година. Но заради кризата се намали, во моментов имаме потреба за 9.000 работни места кои се бараат на пазарот на труд, но најголем дел од оние што ги имаме како активни баратели се со вештини и знаења кои не одговараат на потребите. Но јас лично не се откажувам од активните баратели на работа, тоа се наши сограѓани, евидентирани и се стремам кон нив да се доквалификуваат, преквалификуваат за потребите на пазарот на труд во кој би биле подобро платени. Меѓу нив можеби има и некои со магистерски студии, но тие не одговараат на потребите. Затоа сметам дека овој процес продолжува, нагласува Битиќи.

Промовирани огласи »

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование - универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка. 

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто.

Анкетата на јавно мислење, информираат од GIA, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во РС Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела  истражувањет со телефонска анкета (CATI), на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст 18+ години, во текпт на август 2022, со маргина на грешка од +/- 3,5 отсто, со ниво на доверба од 95 отсто. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ – СТРУМИЦА

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот „ZIA“ кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот со 4 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат и East Gate Mall, 1 спрат. Еден од нашите најважни приоритети е квалитетен кадар кој е задоволен од условите за работа.

Моментално е отворено следното работно место:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Константно се стремиме кон унапредување на производството, затоа константно го прошируваме и својот тим.

Моментално е отворено следното работно место:

EЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – ЕЛЕКТРОНИКА

Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 29 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР

Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании на македонскиот пазар, постојано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар и градејќи здрав еко систем за своите корисници. Партнерствата со многу производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои ќе се вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Моментално се активни следниве работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ (UPS, ГЕНЕРАТОРИ И СЛ.) ЗА НАПОЈУВАЊE
SENIOR .NET DEVELOPER
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - СО РАБОТНО ИСКУСТВО

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА CNC МАШИНА
ХЕМИСКИ ИНЖИНЕР

KFC еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

Моментално вработува:

RESTAURANT GENERAL MANAGER

Tezenis беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза. Од 2003 година, Tezenis има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа. Успехот на Tezenis се должи на голем број фактори: примарни локации, огромен асортиман на производи, многу конкурентни цени и продажни техники со иновативно малопродажба.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Нашите производи може да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 346 производствени операции и 93 развојни производи, инженерски и продажни центри во 27 земји. Имаме над 152.000 вработени фокусирани на обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »