Промовирани огласи »

Доцнењето е најголемиот проблем кај младите луѓе во бизнис светот. Нема ниту еден од нас што не задоцнил на важен состанок во животот.

Меѓутоа, најлошо е кога доцнењето станува секојдневен проблем, кој кај некои луѓе се повторува постојано иако за тоа се опоменувани. Морате да признаете дека иако не сакате да задоцните повторно одново ви се случи.

За таа цел ви издвојуваме неколку совети за тоа како да престанете да доцните и подобро да се организирате.

По примена на овие совети ќе се чувствувате посигурно и наредниот пат кога ќе задоцните - само потсетете се дека времето е пари и најверојатно нема да ви се случи уште еднаш.

Признајте си дека имате проблем со доцнењето

Луѓето кои не гледаат на доцнењето како на проблем, никогаш нема да бидат точни. Како и за другите проблеми, за да го решите проблемот со доцнењето, прво е потребно да признаете дека го имате.

Планирајте го времето

Секој човек знае отприлика колку време му треба за да се подготви. Ако посветувате многу време на вашиот изглед, станувајте порано. Секогаш знајте ја локацијата на која треба да пристигнете, за да можете точно да си испланирате колку време ќе ви одземе да стигнете до таму.

Испланирајте си и дополнително време

Секогаш додавајте 25% повеќе кон вашето планирано време, за да бидете точни. Многу често работите не се случуваат по план, а вака вие секогаш ќе имате дополнително време, за да се извлечете во непредвидена ситуација.

Подгответе се колку што можете повеќе вечерта

Ако станувањето наутро ви е голем проблем, најдобро е да се подготвите колку што можете повеќе претходната вечер. Изберете каква облека ќе носите и подгответе ја уште вечерта. Чантата, клучевите и сè што секојдневно носите со вас, оставете го на едно место.

Легнувајте си порано

Така полесно ќе можете да се разбудите наутро и ќе имате доволно време за да ги исполните сите обврски.
Во секое време треба да знаете колку е часот. Во секој момент додека се подготвувате треба да знаете уште колку време ви преостанува. Каде и да одите, со вас имајте или часовник или мобилен.

Имајте потсетник

Дали ќе го употребите мобилниот телефон, компјутерот или обичен бележник не е важно, важно е да добиете потсетување за важните настани, на кои не треба никогаш да доцните.
 

Промовирани огласи »

Шелинг, сака да ги спречи интернет концерните да профитираат од „даночните дупки”.

Министерот за финансии на Австрија, Ханс Јерг Шелинг има намера да ги даночи интернет концерните, односно сајтовите за онлајн продажба како „Амазон“ и „Заландо“.

Имено, Шелинг, сака да ги спречи интернет концерните да профитираат од „даночните дупки”, додека во земјата сите фирми, па и тие најмалите се опфатени со данок. Во врска со тоа развил план, кој треба да создаде фер услови за сите. 

Промовирани огласи »

Една од најстрогите влади во светот е владата на Саудиска Арабија. Сепак, властите одлучија да направат мал чекор за да привлечат повеќе туристи. Решија да ги отворат вратите за туристите на ресортите на море во кои нема да важат строгите религиски закони на оваа земја, па можеби токму сега повеќето туристи ќе се одлучат да ја посетат.

Земјата изобилува со прекрасни плажи, но малкумина туристи ги имаат посетено во живо. Новите ресорти ќе се наоѓаат на над 50 острови, а проектот би требало да започне со работа во 2019 година.

Иако се уште не е познато што ќе биде дозволено, а што не, јавниот инвестициски фонд во земјата соопшти дека во ресортите ќе важат „меѓународните стандардни закони“, што значи дека на посетителите и туристите ќе може да им се служи алкохол и нема да важат строгите правила за женската популација.

Промовирани огласи »

Најбрз интернет на светот има Сингапур, а најбавен во Јемен, a Македонија е на 59 место на листста од 189 земји опфатени во најновото истражување.

Во Македонија, со просечна брзина од 7,34 mbps треба 2 часа, 19 минути и 28 секунди за да се „симне“ филм во Full HD, додека во Сингапур нецели 19 минути, а во Јемен повеќе од два дена, објави британскиот веб-сајт cable.co.uk врз основа на анализата на податоци на истражувачката група M-Lab.

На листата Унгарија се пласира на 15 место, Романија на 18, Словенија на 25, а Бугарија на 27. Србија е на 41, а Хрватска веднаш над неа на 40 место со брзина на интернетот од 12,57 Mbps. Зад нас по брзина на интернетот се Босна и Херцеговина на 61, Црна Гора на 71 и Албанија на 78 место, покажаа тестирањата.

Во текот на изминатите 12 месеци заклучно со 10 мај оваа година, ширум светот биле направени над 63 милиони тестирања на брзината на интернетот.

Тестирањата покажаа дека најбрз интернет има Сингапур, во просек 55,13 Mbps, што е доволно за преземање на филм од 7,5 GB во Full HD со највисок квалитет за 18 минути и 34 секунди. Истиот филм во Јемен, која е последна земја налистата,  би се симнувал со просечна брзина од само 0,34 Mbps за повеќе од два дена.

Шведска, Тајван, Данска, Холандија и Латвија имаат просечна брзина поголема од 30 Mbps, што според британската регулаторна агенција за телекомуникации Ofcom го дефинира како „супербрзина“.

Во 139 земји имаат просечна брзина на интернет под 10 Mbps, што според Ofcom  е минималната брзина што може да одговори на потребите на едно типично семејство.

Помеѓу 30 земји со најбрз интернет, воглаво се држави од Европа и Азија, додека во Африка повеќе од половина земји се со најслаби перфоманси, објави cable.co.uk, кој обезбедува советодавни услуги за британските провајдери на интернет, ТВ и телефонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »