Промовирани огласи »

Алкохол ќе се продава и по 19 часот но нема да се укинат лиценците за трговците.

Иако, уште во септември беше најавено дека до нова година комплетно ќе се тргне временското ограничување, Владата си дава нови рокови за да ги донесе законските измени.

Од Министерството за економија информираат дека сепак нема да излезат во пресрет на сите барања на бизнис заедницата. Лиценците за продажба ќе останат задолжителни и трговците ќе ги чинат исто како и досега.

Пијалоците ќе се нудат на киосците, но нема да се укине забраната за продажба на бензинските.

Во тековните измени  на законот за трговија нема да се интервенира во наведениот член (23-а). Имено, 20.000 денари е надоместок за прв пат вадење на лиценца за продажен објект која важи 2 година.

За продолжување на лиценцата  трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој  продажен објект ако има до  три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година.  Секоја издадена лиценца важи за период од 2 години.

Најгласни во барањето за укинување на временското ограничување и лиценците за продажба на алкохол беа бизнисмените од СКМ. Тие реагираа дека со постоечкиот закон воопшто не се намалила консумацијата, што беше главен аргумент за воведување на рестрикцијата. Но, се намалил прометот на трговците и се зголемила трговијата на црно.

Затоа од Комората бараат од државата да биде поуажурна во прифаќање на иницијативите од бизнисот

Според податоците на Комората со воведувањето на лиценците за продажба на алкохол над 5 500 трговски објекти се откажале од продажба на алкохол со што драстично се намалил нивниот промет. Како аргимент бизнисмените го наведуваа и фактот што во многу европски држави воопшто нема вакви лиценци.

Промовирани огласи »

Неспорно е дека ќе има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но во делот за образованието мојот впечаток е дека ние со мерките што ги преземаме одиме дури и пред барањата на синдикатите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Како пример за мерки кои, рече, со задоволство биле прифатени од наставниците и професорите, е можноста што ја добиле за  компензација на работни денови што ги работат во саботите со деновите помеѓу Нова година и Божик.

Тоа беше прифатено од наставниците со задоволство бидејќи досега, и покрај тоа што тие реално немаа обврски, ги малтерирале да доаѓаат во училиште, да се потпишуваат и да седат. Сите мерки што ги правиме во рамките на реформите ќе дадат бенефит не само за учениците, туку и за наставниците. Мислам дека секој добронамерен учесник во дијалогот – дали се синдикати, пленуми или наставници, би биле задоволни од процесите коишто се почнати, изјави Дескоска по прес-конференцијата на која МОН ги презентираше новите наставни планови за прво одделение.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков од денешниот протест организиран од Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) изрази уверување дека Владата ќе биде отворена за соработка со репрезентативните синдикати и, како што истакна, во овој момент не е доведен во прашање почетокот на второто полугодие на учебната година.

Од министерката за образование и наука добивме ветување дека час поскоро, од понеделник, ќе седнеме и отворено ќе разговараме за сите проблеми кои ги имаме во дејноста образование, така што одлуката за да не започне второто полугодие треба да ја донесе орган, а во овој момент нема потреба за тоа, изјави денеска Неделков.

СОНК се придружи на вчерашниот пртотест на  ККС од каде бараат усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и почитување на колективните договори.

Промовирани огласи »

Во Македонија, според податоците на порталот “Slavorum”, на врвот се наоѓа Орце Камчев, сопственик на “Орка Холдинг”, со 238 милиони долари вредно богатство.

Основачот на “Amazon”, Џеф Безос, го престигнал Бил Гејтс и го заземал првото место на листата најбогати луѓе.

Според листата на милијардери на “Bloomberg”, 15 најбогати луѓе во светот се:

Порталот “HowMuch.net”, на основа на податоците на Форбс, формирал мапа со најбогати луѓе на секој континент.

Според нивната листа, Мукеш Амбани, претседател и извршен директор на “Reliance Industries”, е рангиран пред Џек Ма, основач на “Alibaba”.

Џек Ма на најновата листа на “Bloomberg” се наоѓа на 15-то место, со 45,8 милијарди долари имот.

Имотот на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, минатиот месец на кратко ја надминал бројката од 100 милијарди долари.

Тој бил првата личност со богатство поголемо од 100 милијарди долари во модерниот период, односно прво лице кое ја надминала оваа вредност на листите на “Forbes” и “Bloomberg”, кои со години ја следат заработувачката и вредноста на најбогатите луѓе на светот.

Според листата на “Bloomberg”, тој е тежок 98,5 милијарди долари.

Сепак, тешко е да се спореди неговото богатство со богаташите од минатото, поради вредноста на парите и инфлацијата.

“Business Insider”, на пример, наведува дека богатството на нафтениот могул Рокфелер во денешно време, веројатно би вредело неколку стотини милијарди долари, со оглед на уделот на економијата која ја контролирал.

Порталот “Slavorum” претходно објавил листа од најбогати луѓе во регионот, пренесува Al Jazeera.

Во Хрватска, според податоците на овој портал, најбогато е хрватско-чилеанското семејство Лукшиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари.

Во Србија, најбогат е Филип Цептер.

Иако не живее во Србија, има српско државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.

Црногорскиот државјанин Таксин Шинаватра, поранешен премиер на Тајланд, кој живее и работи во Црна Гора има  имот од 1,78 милијарди долари.

Најбогати луѓе во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои ги наследиле “Prevent” и Asa Group” од својот татко Нијаз – тие располагаат со богатство од 412 милиони долари.

Во Македонија, според податоците на порталот “Slavorum”, на врвот се наоѓа Орце Камчев, сопственик на “Орка Холдинг”, со 238 милиони долари вредно богатство.

Промовирани огласи »

Синот на легендарниот Том Џонс едвај преживува и спие во прифатилиште за бездомници.

Момчето официјално никогаш не било признаено од славниот татко и покрај позитивната ДНК анализа.

29- годишниот музичар Џонатан Беркери, иако е биолошки син на Том Џонс никогаш не го запознал лично својот татко. Тој живее во прифатилиште за бездомници во Њу Џерси во просторија што ја дели со 30 мажи.

Затоа, неговиот татко пред извесно време ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за неколку милиони долари.

Џонатан е роден во вонбрачна врска на Том Џонс со манекенката Катрин Беркери. Тој не го сакал детето, но Катрин повела судски спор за докажување на татковство. Том Џонс со својата сопруга има син Марк.

За Џонатан рекол дека не го планирал и затоа нема зошто да го прифати или да му помогне.

Некогаш бил член на бој бенд, а пред три години го досегнал дното кога почнал да живее во автомобил во Мајами. Полицијата го уапсила поради поседување дрога и неколку дена минал во затвор. Џонатан отишол на одвикнуавње за да ги отфрли сите обвинувања против него.

Помислил дека пејачот и неговито син, менаџерот Марк Вудворд (60), полубрат на Џонатан, ќе сакаат да разговараат со него после смртта на Мелинда Тренчард, сопругата на Том Џонс, во април 2016-та година.

На Марко му испратив порака преку неговиот асистент и побарав помош за да се сретнам со нашиот татко. Не сакам подоцна да зажалам што не се јавував и разговарав со него за се, раскажал Беркери. Додал и дека сеуште има близок однос со мајка му и дека ова не е обид преку татко му да стане славен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »