Промовирани огласи »

До крајниот рок за поднесување годишни даночни пријави, кој истекува во четврток следната недела (16 март), се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата за јавни приходи (УЈП), со поднесување годишна даночна пријава. 



Како што информираат од УЈП, заклучно со вчерашниот ден се поднесени 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, 86.643.

Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, УЈП потсетува дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија.

Промовирани огласи »

Што е мобинг? Дали секоја непријатна и неквалитетна комуникација со претпоставените е мобинг? 

Во нашата држава правната терминологија за зборот мобинг го користи терминот „вознемирување на работното место”, а ги опфаќа психичкото и половото вознемирување на работното место.

Се почести се случаите  на вознемирување на работното место или т.н. мобинг, а се поретко се зборува за истиот. Мобинг е секое негативно психичко и/или полово однесување на работното место.

Имено, психичко вознемирување на работно место е секое негативно однесување што се повторува континуирано и систематски и претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа.

 Половото вознемирување е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот/вработените, кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност и пониженост.

Ако препознаете мобинг на вашето работно место, еве неколку совети како да се заштитите:

1.    Одлучно обратете и се на личноста која ви врши мобинг и предупредете ја да престане. Објаснете дека тоа однесување не е прифатливо за вас.

2.    Водете дневник – бележете го датумот, времето и ситуацијата со што е можно повеќе детали. Напишете и име на сведок, доколку го има.

3.    Чувајте копии од писма, e-mail-ови, факсови и пораки кои ги добивате од личноста која ве малтретира.

4.    Охрабрете се да го известите надредениот во вашата компанија за ситуацијата и малтретирањето, ако има услови, обратете се и до генералниот директор. Имате потполно право на заштита!

5.    Не враќајте со иста мерка, бидејќи така потешко ќе докажете дека вие не сте злоставувач, туку дека сте злоставуваната личност во ситуацијата.

И секогаш запомнете, никој нема право да управува со вас и да го нарушува вашиот мир. Не двоумете се да побарате заштита, нема да згрешите!

Законот за заштита од вознемирување на работното место предвидува да секој кој се чувствува дека е вознемируван на работното место, писмено да се обрати до оној кој вознемирува со таканаречено „Писмено предупредување” со кое ќе му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел решавање на спорната состојба, односно случај без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место, како и да го предупреди моберот дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.

Освен тоа, жртвата пред поднесување на тужба пред надлежен суд може да поднесе и „Барање за заштита од вознемирување на работното место” до работодавачот, во кое ќе наведе негови податоци, и податоци за оној кој вознемирувал, како и нивните работни позиции, краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место,  траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и наведување на факти и докази.

Оваа постапка е позната како постапка на посредување, која е интерна и со цел брзо, мирно и вонсудски решавање на спорот.

Промовирани огласи »

„Веројатноста дека цената на биткоинот во следните 10 години ќе падне на 100 долари, почнувајќи од сега, е поголема од таа дека дигиталната валута ќе достигне ниво од 100 000 долари“, изјавил професорот на Хардвард универзитетот и економист Кенет Рогоф.

Мислам дека биткоинот ќе вреди за десет години само делче од она колку вреди сега ... би рекол дека 100 долари е многу поверојатна цена отколку 100 000 долари за 10 години -рекол Рогов за CNBC Телевизија.

Во суштина, ако на таа валута и ја одземете можноста за користење на перење пари и затајување данок, нејзината вистинска употреба како платежно средство е многу мала-додал овој поранешен главен економист на ММФ.

Иако биткоинот се поврзува со нелегални трансакции, проценките за удел на користење на дигиталната валута во нелегални активности варираат.

Шон Анстеј, коосновач и пртседател на Блокчејн Интелиџенс Гуп, оценува дека нивото на незаконски трансакции со биткоинот паднало на 20 проценти во 2016-та година и дека во 2017 билО уште „помалку од тоа“.

Рогов наведува дека државната регулатива ќе биде пресудна за пад на цените на биткоинот, но додал дека развојот на глобалната регулаторна рамка ќе бара време.

Глобалната регулатива е навистина потребна дури и ако САД и Кина воведат строги прописи против биткоинот, а Јапонија не, луѓето и тогаш и понатаму ќе можат да перат пари преку Јапонија-објаснил тој.

Промовирани огласи »

Вкупно 1.150 Македонци минатата година добиле бугарско државјанство, покажува годишниот извештај на Комисијата за бугарско државјанство и Бугари во туѓина во рамките на Администрацијата на Претседателот.

Извештајот покажува дека споредено со 2016 година, бројот на Македонци што добиле бугарско државјанство е драстично намален,  за 5.046.

Меѓутоа, Македонците и лани се први на листата според бројот на потпишани укази за бугарско државјанство, пред Украинците кои добиле 750, Израел со 303, Турција со 294 и Молдавија со 207 потпишани укази.

Бројките покажуваат дека Администрацијата на претседателот на Бугарија генерално издала помалку укази за државјанство во текот на 2017 година, и тоа вкупно 3.892. Годината претходно, на пример, биле потпишани три пати повеќе укази, односно 13.450.

Во Извештајот на оваа Комисија е наведено дека во текот на минатата година, одбиени се вкупно 666 барања за бугарско државјанство, но не се наведени причините за значителното намалување на потпишаните укази.

Инаку, пресметките покажуваат дека од 2005 година досега вкупно 64.673 Македонци се изјасниле како Бугари и врз основа на тоа добиле уште едно државјанство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »