Луѓето нема да се грижат, ниту ќе забележат доколку 74 отсто од брендовите кои ги користат едноставно, исчезнат.Тоа го покажува најновото истражување на „Хавас Медија“ под името „Значајни брендови“.
Глобалниот директор на „Хавас Медија“, Доминик Делпорт, изјави за „CNBC“ дека тоа е последица на претераната комуникација, односно бомбардирање на потрошувачите со рекламни пораки.
Имаме премногу брендови, можности, па така луѓето многу лесно можат да најдат алтернатива, а претераната комуникација ја убива комуникацијата, па така морате да бидете од корист на луѓето - вели тој.
Во светот во кој дневно се испраќаат 500 милиони „твитови“, се пишуваат 4,3 милијарди постови на „Фејсбук“ и се објавуваат 500 милиони часа на „Јутјуб“, успех може да постигнат само брендовите кои на потрошувачите им испорачуваат корисност.
Истражувањето спроведено на 300.000 испитаници во 33 држави, кое опфати 1.500 брендови од 15 различни индустрии, покажува дека е ирелевантно 74 проценти од брендовите се последица на фактот дека тие не допринесуваат за квалитетот на животот на потрошувачот.
Имено, 75 осто од учениците во анкетата очекуваат од брендовите да допринесат за квалитетот на нивниот живот, а само 40 посто од нив веруваат дека брендовите тоа и го прават. Меѓутоа, 60 проценти сметаат дека содржината која брендовите ја донесуваат е лоша, ирелевантна или речиси воопшто ја нема. Дека содржината на брендот треба да биде забавна, да нуди решенија или обезбеди искуство сметаат 84 проценти од испитаниците.
Извештајот резултираше со ранг листа на најзначајните брендови, а во Топ 10 се „Гугл“, „ПејПал“, „Вотсап“, „Јутјуб“, „Самсунг“, „Мерцедес Бенз“, „Нивеа“, „Мајкрософт“, „Икеа“ и „Лего“.
Доколку ги погледнете сите тие технолошки брендови, тие се на врвот во рангирањето. Зошто? Затоа што го прават мојот живот полесен, во основа, и целосно се бесплатни. Сите тие апликации се главно бесплатни за превземање, а нудат одлични услуги“, додава Делпорт.
Според неговата дефиниција, корисен бренд е функционален, обезбедува вредност за парите, го прави животот на поединецот полесен, а покрај тоа има позитивно влијание и на заедницата.