Промовирани огласи »

Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.

Јапонците го имаат дури и терминот инемури, што значи присутен додека спие, пишува „Дејли мејл“.

Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.

Меѓутоа, за инемури важат одредени правила. Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа, вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.

Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на инемури бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент.

Промовирани огласи »

Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, потврдија за ТВ 24 од Управата.

Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните. Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци.

Промовирани огласи »

Apple не ги открива техничките детали на Keynote презентациите или на својата интернет страница, но се работи за осетливи теми како RAM меморија и капацитет на батеријата, пишува macrumors.

Според неодамнешен извештај,  iPhone XS и iPhone XS Max ќе бидат опремени со 4 GB RAM, a iPhone XR со „само” 3 GB. Што се однесува до траењето на батеријата, iPhone XS Max има батерија од 3174 mAh, а iPhone XS од 2658 mAh.

Во случајот на 5,8-инчниот iPhone XS  се работи за 2,2 проценти помал капацитет на батерија во однос на iPhone X, чија батерија има 2716 mAh. Но во пракса, годинашниот модел ќе издржи барем половина час подолго само со едно полнење.

iPhone XS Max е владетел меѓу годинашните модели, посебно во поглед на големината на батеријата. Нејзиниот капацитет од 3174 mAh значи пораст од 17% во однос на iPhone X. Тоа е 1,5 часа повеќе работа, за што можеме да бидеме благодарни на помалата потрошувачка на енергија на новите хардверски компоненти и фино подесениот систем на iOS.

Меѓутоа, најинтересните броеви се однесуваа на iPhone XR, чија батерија е нешто помала од онаа во iPhone XS, со капацитет од дури 2942 mAh, но за која се тврди дека ќе трае најдолго. Причина за тоа е првенствено помалиот екран и помалата резолуција.

Промовирани огласи »

Децата да се возат во детско седиште во автомобилите е задолжителна обврска веќе три години, но родителите бавно ја прифаќаат практиката да ги врзуваат децата додека ги возат. Во развиените земји таа обврска доследно се почитува но во земјава и покрај тоа што делото е казниво неретко децата се возат во рацете на своите родители, назад на седиштата во автомобилите. Според официјалната статистика од Министерството за внатрешни работи, од 2015 ггодина или од кога оваа обврска е задолжителна изречени се само 39 глоби за овој прекршок низ цела држава. Казната е 35 евра и 15 негативни поени. Во исто време црната статистика на смртност на децата во сообраќајни незгоди е поразителна

ЈА НАМАЛУВА ОПАСНОСТА ОД СМРТНОСТ

Доста родители се убедени дека нивното новороденче никој не може подобро да го заштити од нив самите, а посебно не „корпата“ во која ќе биде стегнато со некакви појаси. Според сите тестови, во случај на незгода, речиси е невозможно да се задржи детето во прегратка. Испитите покажале дека во таков случај дури и да успее родителот кој го држи детето да го задржи кај себе, често рефлексно го стегаат па се прави дополнителен проблем.

А македонската сообраќајна статистика не е светла. Според податоците децата се често дел од сообраќајните незгоди. Бројките од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажуваатоти во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години.

Закон за задолжително детско седиште во автомобилот се воведе пред три гдоини. Според статистиката вкупно 4 глоби се напишани за првите шест месеци од 2018 поради непочитување на Законските правила за поставување детско седиште во автомобил. 

Од 2015 кога стапи на сила законот, регистрирани се вкупно 39 прекршоци.

Најмногу казни надлежните им напишале на родителите кои не ги почитувале правилата за превезување на деца во патнички автомобил во 2017-та година кога се изречени вкупно 19 глоби, а тој број во 2016 изнесува 14 . 

Најмалку прекршоци се забележани кога Законот стапи на сила во 2015 кога се изречени два прекршоци од овој вид. Инаку употребата на детски седишта ја намалува смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

Што предвидува Законот за превозот на деца во патнички автомобил

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги регулира правилата за превоз на деца на задното и предното седиште, предвидувајќи и посебни глоби доколку тие правила не се почитуваат.

Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Детето треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

Доколку не се почитуваат овие правила предвиден е мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода  на возачот кој постапува согласно овие правила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »