Промовирани огласи »

Државјаните на земјите од Западен Балкан во иднина ќе мораат преку интернет од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната и иако не им е потребна виза за патување да платат такса од 7 евра – предвидуваат новите мерки кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата.

Откако беше потврдена од Европскиот парламент, а потоа и усвоена од страна на Советот на министри на Унијата, мерката ќе стапи на сила од јануари 2021 година како дел од ЕТИАС системот.

Со мерката ќе бидат опфатени сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во Шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Како ќе изгледа целата процедура?

Откако ќе поднесе барање, патникот мора во рок од 96 часа да добие одговор дали неговата дозвола ќе биде издадена. Таа ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи.

Во самото образложение на овие мерки е наведено дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мора да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границата на Унијата и влез во Шенген зоната.

Инаку, Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Ако сакате да уживате во убавините на Јадранското Море, можете да стигнете до Албанија и Црна Гора и без пасош.

Со овие држави Македонија има потпишано билатерални договори.

Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картички, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден.

Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.

Промовирани огласи »

Во изминатите неколку години повеќе студии се занимаваа со темата осумчасовно работно време, за кое се установи дека едноставно не функционира. Резултатите од овие студии покажаа дека должината на траењето на работното време нема никаква врска со ефикасноста и продуктивноста. Па тогаш од каде произлегла темата за осумчасовно работно време?

Кампањата ја покренал социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810 година во време кога фабриките работеле по 24 часа, а работниците најчесто работеле по 10 до 15 часа на ден. Тогаш Овен го измислил слоганот „Осум часа работа, осум часа одмор, осум часа спиење“, а во 1926 година, повеќе од еден век подоцна, компанијата „Форд мотор“ стана правата компанија што воведе три смени во работењето, со осумчасовно работно време, при што двојно ги зголемила платите на вработените.

Денес, осумчасовното работно време дефинитивно е застарен концепт.

Истражувачот на циклусите на сонот, Натаниел Клејтман, открил нешто што се нарекува „основен циклус на одмарање“, сфаќајќи дека нашите тела функционираат на дваесетминутен период во текот на ноќта меѓу длабок и лесен сон. Тоа истото се случува и во текот на денот, нашата повисока и пониска будност се менуваат во истиот период, па затоа ни се потребни повеќе паузи за да бидеме попродуктивни.

Доктор Трејвис Брејдери ја предложил следнава алтернатива: идеалниот однос меѓу работењето и одморот би бил: 52 минути работа и 17 минути одмор. Луѓето што вака го одржувале овој баланс имале завидно ниво на фокусираност на работата.

Новинарот Овен Џонс предложил да се работи четири дена неделно, а неговиот колега од „Гардијан“ ја застапува идејата за четиричасовен работен ден.

Промовирани огласи »

Според последните проекции на ОН, Македонија ќе регистрира огромен пад на населението до 2100 година, односно 28,78 отсто од своето население. Според процентот Македонија е на 24 место во светот според големината на падот. Од 2,088 милиони жители, тогаш ќе има 1,487 милиони.

Најголем пад кај населението е предвиден за Молдавија (53,8 проценти), потоа Бугарија (50,5 проценти) и БиХ на третото место.

Користејќи ја средната вредност на променливите на варијаблите, ОН предвидува дека најголемото намалување на популацијата ќе биде забележано во земјите од Балканот и Источна Европа. Според проекциите, во 2100 година, првите 30 земји загубат во просек 38,5 проценти од населението, Хрватска 37,2 проценти, Црна Гора 30,2 проценти и Македонија 28,8 проценти.

Најголем пораст на населението се предвидува главно во африканските земји (во првите 30 само Ирак и Палестина не се од африканскиот континент). Се предвидува дека населението во Нигер ќе се зголеми за 761 проценти во 2100 година од сегашните 24 милиони на 209 милиони.

Замбија предвидува зголемување од 455 отсто, а во Танзанија 380 отсто.

Промовирани огласи »

Новите бројки на ММФ велат дека глобалниот долг во 2017 година е повеќе од три пати поголем од глобалниот бруто-домашен производ.

Повеќе од половина од износот е депониран кај најголемите должници - САД, Кина и Јапонија, чие учество во глобалниот долг е поголемо од учеството на глобалниот БДП.

Светскиот долг минатата година достигна рекордни 184.000 милијарди долари, објави Меѓународниот монетарен фонд.

Оваа сума е 1,1 отсто повисока од онаа проценета од ММФ во октомври - 182,000 милијарди долари.

Новите податоци од базата на податоци на глобалниот долг на ММФ покажуваат дека во 2017 година тоа е повеќе од три пати поголемо од глобалниот бруто-домашен производ.

Сега, глобалниот долг по човек надминува 86.000 долари и два и пол пати поголем од просечниот приход по глава на жител.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »