Промовирани огласи »

Ден Зигмонд, директор на аналитика во Фејсбук, е еден од приврзаниците на диетата на гладување, чии следбеници не јадат во долги временски периоди – од 14 часа па дури до неколку дена.

Многу мои колеги јадат на работа или набрзина. Тешко е да контролирате што јадете овие денови. Но, една работа која секој од нас може да ја контролира е времето, рекол Зигмонд за „Business Insider”.

Кога работел за младата фирма "Hampton Creek", наишол на истражување од Салк институтот за биолошки студии, чиј заклучок е дека времето кога јадете е подеднакво важно како и видот на храната која ја јадете. Глувците кои јаделе само во периодот од неколку часа дневно, биле послаби од оние кои јаделе во текот на целиот ден.

Зигмонд, кој работел во Microsoft, Google и Youtube, нешто слично веќе пробал додека живеел во будистичкиот храм на Тајланд неколку години порано. Сега одлучил повторно да го направи истото.

Многу брзо почнав да јадам само во текот девет часа дневно. Веднаш се почувствував многу подоброи ослабев повеќе од осум килограми за помалку од една година, вели овој татко.

Тој јаде само во периодот помеѓу девет часот наутро и шест часот попладне и тврди дека најлошото нешто кое можете да му го направите на вашето тело е да јадете во било кое време. Тој тврди и дека никогаш не е гладен пред спиење, како и дека не се сеќава кога последен пат имал „напад на прејадување“.

Тој не е единствениот директор во Силиконската долина кој прибегнува кон гладување како начин да си го продолжи животот, да го зголеми фокусот на работа, како и продуктивноста. Клубот на биохакери во Сан Франциско ги собира сличните на него, кои секоја среда појадуваат и така го прекинуваат гладувањето, додека споделуваат совети за тоа како најдобро да ја изведат оваа диета.

Сепак, истражувањата за гладувањето како начин да ја подобрите состојбата на организмот се спротиставени. Претежно не се извршувани на луѓе и примати, туку на овошни мушички и глувци. Магазинот „Scientific American” пишува дека кај луѓето кои гладуваат постои ризик од напад на глад и компензаторно прејадување. Едно од последните истражувања на примати кои гладувале покажало и дека нивниот животен век воопшто не се продолжил.

Промовирани огласи »

Јавното обвинителство по дадениот исказ и поднесената кривична поријава до непознат сторител од страна на Мила Царовска за објавениот скандал со пензиските придонеси објави дека министерката за труд и социјална политика не навела имиња на можни сторители и дека е потребно да донесе дополнителни материјали како докази.

„Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање други дејствија за проверка на наводите во пријавата. Надлежниот јавен обвинител од Државниот завод за ревизија ќе ги побара изготвените извештаи за извршена ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период, а на распит ќе биде повикан и претставник на Фондот за да даде свое појаснување во врска со наведеното во пријавата“, соопшти Обвинителството.

Кривичната пријава поднесена од Царовска се однесува за злоупотреба на службена положба и овластување за „невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови“.

Претходно денеска министерката не сакаше да изнесува детали од распитот и изјави дека очекува разрешница на случајот.

Наводниот скандал добива на тежина со тоа што Владата ќе враќа 19 милиони евра кај осигурениците на кои не им биде префрлани придонесите во вториот пензиски столб, односно без да знаат парите биле задржувани во првиот во изминатите 10 години.

Промовирани огласи »

Правилникот од Министерството за финансии за доставување на податоци од банките до Управата за јавни приходи за парите, вклучувајќи ги и девизите, кои поединците ги добиваат од земјата и од странство стапи на сила. Со тоа УЈП преку обрасците што ќе ги добива директно од банките ќе ги следи сметките на сите физички лица што добиваат пари на своите сметки од страна на други индивидуалци од правни лица од земјата, како и од странство.

Во образецот влегуваат податоци за налогодавачот, примачот, банката, број на трансакцијата, сумата, датум на приливот, основот, шифра на валута и на земјата, односно се што содржи една уплатница.  Банката до 15-иот ден од тековниот месец треба да ги пријави сите трансакции за претходниот месец преку постоечкиот канал за размена на податоци со Управата за јавни приходи. Податоците кои се однесуваат за 2018 година, како што е предвидено со законските измени, треба да се достават до УЈП до 28 февруари.

УЈП за прв пат автоматски ќе ги добива податоците за сите приливи на сметките на граѓаните.по ланските законски измени по скратена постапка во Собранието. Пристапот до средствата на сметките на граѓаните, како што објавија од УЈП, им е потребен за подготовка на годишната даночна пријава, која во 2019 ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или коригираат.

Од Министерството за финансии наведоа дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени и дека актите се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со измените нема да се даночат дознаките, односно парите кои роднини и пријатели ги праќаат на своите најблиски, иако УЈП и нив ќе ги гледа. Но, граѓаните кои имале приходи од странство од авторски договори, хонорари за кои и до сега требало да платат данок, не ќе можат да го избегнат, бидејќи парите на сметка ќе ги гледа и УЈП.

Промовирани огласи »

Комплекс од луксузни хотели, базени, СПА - Гранд Хотел Велинград веќе 12 години е меѓу лидерите во СПА туризмот во Бугарија. Вработуваат ГОТВАЧИ. Повеќе информации: https://kariera.mk/job/r30EsUuCH0ypol7933Wd3A/gotvachi

Њу Ејџ со отворен оглас за работа Live Booking! Почетна плата од 20.000 денари, работно време од 7 часа дневно од Понеделник до Петок: https://kariera.mk/job/oHzVHI7E4UyCwoWG3NKUMQ/oglas-za-rabota-live-booking;

Белгискиот реномиран производител на автобуси, Ван Хоол, има потреба од вработување на МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ: https://kariera.mk/job/RUd0FIL96EmcM3quCNSo9Q/medicinsko-lice;

Вработи се како АГЕНТ/КА ЗА ПРОДАЖБА во Гевгелија и Кавадарци. Почетна плата 18.000 денари: https://kariera.mk/job/ZVoTo2L7nUSJtMR18kZMRA/agent-ka-za-prodazhba;

Базаро за своите продажни салони на повеќе локации бара ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ: https://kariera.mk/job/ilXIx6X0R0CgjgriBEnNHQ/prodazhen-personal;

Хрватската фармацевтска компанија Belupo е во потрага по ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА МАКЕДОНИЈА: https://kariera.mk/job/sK8el4SES0mpXkF66AwNfw/generalen-direktor-za-makedonija;

Ресторан во центарот на Скопје, Per Te Street Restaurant, поради зголемен обем на работа, вработува ПОМОШНИК ВО КУЈНА: https://kariera.mk/job/Gl4o7PVTQ0q3CFPUKcK5bw/pomoshnik-vo-kujna;

Грчка мултинационална групација, Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје бара ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ: https://kariera.mk/job/q0VyTciDSUqDYSn1G8iShw/telefonski-operatori;

Повеќе огласи за различни профили на кандидати и различни работни позиции, можете да најдете на KARIERA.mk!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »