Промовирани огласи »

New Age Company вработува МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА. Минимална плата од 30.000 денари + бонуси: https://kariera.mk/job/kOg6e2k7xUKFxNWt3ebicg/menadjer-za-prodazhba

Центар за дентално здравје - ЕТЕРНАДЕНТ има потреба од ДОКТОР ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА: https://kariera.mk/job/fXOBwcT-hE25VoxYxh55TA/doktor-po-dentalna-medicina

Нето плата од 15.000 до 23.000 денари. Кола Логистика има потреба од 2 извршители за позицијата ВОЗАЧ: https://kariera.mk/job/IEX3d2CPKEGT2y2INlkxkQ/vozach

Германски реномиран производител на конфекциски долни делови (панталони/здолништа) вработува ТЕКСТИЛЕН ТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/cWMm7LiP-EyZ3yMXktkfQg/tekstilen-tehnichar-za-rabota 

Хотел Арка е модерен хотел со 5 ѕвезди лоциран во срцето на Старата скопска чаршија. Секторот храна и пијалоци во Хотел Арка има потреба да го дополни тимот со КЕЛНЕР/КИ и ШАНКЕР/КИ: https://kariera.mk/job/ErmHBALAW0emvwZrVJAxVw/kelner-ki-i-shanker-ki 

Иуте кредит Македонија има отворени позиции за РАКОВОДИТЕЛ ЗА НАПЛАТА и нуди атрактивна плата и бонуси: https://kariera.mk/job/goUMGIN2YE2llaT7c89hVA/rakovoditel-za-naplata

КОТОН вработува ПРОДАВАЧ во малопродажен објект. Плата 18.900 мкд: https://kariera.mk/job/9yVRwu6Hr0-Y7AGIHOvgqQ/prodazhen-personal

Кафе Пауза вработува: КЕЛНЕРИ, ШАНКЕР, САЛАТЕР и ПИЦА МАЈСТОР: https://kariera.mk/job/2I8W7rvDXEegMSko2mbfTA/kelner-shanker-salater-pica-majstor 

Промовирани огласи »

450 невработени лица се вработиле преку мерката Вработување и раст на правни субјекти . Од нив 286 се млади а сите заедно се вклучиле на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година- Шанса за сите.

Ова го соопштуваат од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од каде што посочуваат дека повеќе од 50 проценти од вработените лица, односно 286 лица се млади до 29 години. 

За реализација на овие вработувања до сега се исплатени 59.060.500,00 ден од потсметката на Агенцијата за вработување наменета за активни програми и мерки.

Според агенцијата оваа мерка поддржува креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. А за оваа година преку оваа мерка е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица  до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000,00  денари.

„Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари,  за лица до 29 години возраст висината на грантот за вработено едно лице изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош  висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари“, пишува во соопштението на АВРСМ.

 Во еден правен субјект според агенцијата е поддржано вработување од најмногу 5 лица.

Промовирани огласи »

Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер) кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Промовирани огласи »

Работниот век во Србија може да се продолжи до 70-годишна возраст за оние кои тоа сакаат, ако се донесе иницијатива за измена на Законот за работни односи, прифатена од страна на еминентни експерти за советување за актуелни прашања од современото законодавство, објави денеска „Политика” .

Вработените всушност може да останат на работа уште пет години по исполнувањето на условите за пензионирање, доколку тоа го посакуваат и ако има потреба работодавецот, беше речено на советување организирано од Сојузот на правници на Србија и на Република Српска.

Предлогот дека работниот однос не мора да престане според законот на 65-годишна возраст, туку дека таа граница може да се помести до 70-тиот роденден ќе биде испратен до надлежните министерства, наведува весникот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »