Промовирани огласи »

По примерот на Франција, за која неодамна дознавме дека има сериозен проблем со електричните тротинети, македонските власти решија предвреме да реагираат и да интервенираат со законско решение за возењето електрични тротинети.

Причината за ова според властите е можноста за хаос на пешачките зони и тротоарите. Во Македонија бројот на електрични тротинети засега не е толкав за да претставува сериозна опасност или проблем во сообраќајот, но сепак од Министерство за внатрешни работи сметаат дека треба да реагираат.

Со оглед дека појавата, односно учеството на електричните тротинети во сообраќајот стана зачестена појава по сообраќајниците, а имајќи предвид дека овој вид на превозно средство не е регулирано во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени и дополнување на Законот, а сè со една цела – нормативно регулирање и воспоставување стандарди за безбедност и за овој вид учесници во сообраќајот, велат од МВР.

Електричните тротинети и велосипеди се практични и еколошки. Проблемите со гужвите се поедноставни, а и паркирањето е помал проблем. Дополнително не може да се занемари и заштитената во споредба со автомобилите. Градските власти во Скопје оваа година беа толку воодушевени од ова превозно средство што ги заменија субвенциите за велосипеди со субвенции за електрични тротинети. Дополнително, веќе има најава дека оваа пракса ќе продолжи и на следниот повик за субвенционирање. Како овие следни тротинети ќе се одразат на сообраќајот ќе дознаеме веројатно наскоро.

Засега нема повеќе детали за законското решение, но ако судиме по сличните најави од Франција, веројатно може да очекуваме забрани за движење и ограничување на брзината. На пример градоначалничката на Париз најави дека ќе се обиде да донесе забрана за движење на електрични тротинети по тротоари и паркови. Брзината да биде ограничена на 20 km/h, а во пешачките зони на 8km/h.

Промовирани огласи »

Ако одите на одмор во Грција, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи грчките цариници нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи.

Може да си понесете до два килограми млеко во прав за бебиња, и друга бебешка храна и храна за посебни диети.

Дозволено е и 2 килограми храна за миленичиња.

Смеете да внесете до 5 килограми овошје и зеленчук, но само 40 цигари, односно две кутии.

И во Бугарија не можете да одите на патлиџан-туризам.

Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека.

Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.

Нема ограничувања за леб, чоколадо, слатки, маслинки, но затоа не претерувајте со компирите, зеленчукот и овошјето – дозволено е само 2 килограми.

Промовирани огласи »

Огромен пад на цените на роаминг услугите од утре.

Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени. Доколку праќате СМС порак на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.

Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.

Според директорот на АЕК, Сашо Димитровски целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа. Се очекува намалување и на роаминг услугите со нашиот јужен сосед Грција до крајот на годината.

Промовирани огласи »

Владата ќе враќа 15 отсто од ДДВ-то од фискалните сметки кај граѓаните од први Јули, со првата исплата предвидена во декември, а целта е намалување на даночната евазија.

Граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје по физичко лице.

Собранието го изгласа по скратена постапка законот за поврат на дел од ДДВ кај граѓаните, откако беше предложен во средата попладне.

Власта очекува зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.

Управата за јавни приходи вели дека трошокот за банкарските услуги за поврат на ДДВ кај граѓаните,  ќе биде незначителен.

Надградбата на компјутерскиот систем  ќе ги чини граѓаните само 76 илјади евра, а ќе биде искористена постојната хардверска инфраструктура.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »