Промовирани огласи »

Од Асоцијацијата на слободни и независни синдикати во Србија, бараат оние работници кои ќе работат во недела, да бидат дополнително платени. 

Одговор за ова прашање ќе има до крајот на годината. 

Во српското Министерство за трговија, туризам и телекомуникации, веќе е оформена група која ќе изготви забелешки „за и против“ работа во недела. 

Се вели дека работата во недела има социолошки, социјален и здравствен аспект. 

  

Промовирани огласи »

На граѓаните што се надеваа дека идната година ќе добиваат субвенции за купување половни автомобили, но кои задоволуваат повисоки еколошки стандарди, нема да им се исполнат очекувањата. 

Согласно Програмата на Министерството за економија за субвенционирање, субвенции ќе има само за набавка на ново возило, но само ако претходно се расходова старото возило.  
Од Економија велат дека во новиот Буџет за 2020 година не се предвидени средства за субвенцвионирање.
„Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило согласно член 5-в („Службен весник на Република Северна Македонија“), каде начинот на субвенционирање и постапката за надомест на дел од трошоците за купување на ново возило е предвидено да започне во 2020 година, но во новиот буџет за 2020 година на  Владата не се предвидени финансиски средства за субвенционитање согласно Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило“, објаснуваат од Економија.
Од таму нагласуваат дека согласно Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило, со одјавување на старото возило, субвенции се предвидува само за купено ново возило, а сопственикот кој поседува старо возило ќе треба да го расходова, односно да го предаде во во специјализиран отпад за возила.

„Во ниту една одредба од Законот за возила, не е предвидено да се субвенционира дел од трошоците за купување на половно возло“, велат од Економија.

А првично, некаде летово, Владата најави дека разгледува опција за субвенции за замена на старо со ново или со користено возило со еколошки стандарди, односно со Еуро 5 и Еуро 6 нормативите. Од плацевите за употребуванио возила тогаш изјавија дека таа мерка била добра и дека ќе ја намали емисијата на издувни гасови. 

Сега најмногу од плацевите се купуваат возила со Еуро 4 стандардите, кои се актуелни заради цената, па можат да си го дозволат и оние со понизок стандард. Но кога државата би давала субвенции, тие би загризале и за поновите возила. Дел од нив можат да се најдат по достапна цена, иако има и такви што се доста поскапи.

Летната идеја на Владата предвидуваше граѓаните што ќе купат ново или половно еколошко возило, а старото ќе го исклучат, да добијат субвенции од 20 до 30 отсто од вредноста, најмногу до три илјади евра, но тоа не смее да е поскапо од 10 до 12 илјади евра.

Во земјава, од 466 илјади регистрирани возила, дури 269 илјади се постари од 18 години. Со оваа мерка се очекува постарите да се заменат со понови автомобили, да се намали загадувањето и да се подобри безбедноста во сообраќајот.

Промовирани огласи »

Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе за работа како ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ во Тетово: https://kariera.mk/job/0TRbkj_Tl0macqi30KtyOg/prodazhen-asistent-tetovo

Goodwill Pharma e интернационална компанија која е во потрага по СТРУЧЕН СОРАБОТНИК / MEDICAL REPRESENTATIVE: https://kariera.mk/job/53BUTuQhYkyo4cbWtyMNog/struchen-sorabotnik-medical-representative

ДСА ТЕАМ поради зголемен обем на работа имаат потреба ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ во Охрид: https://kariera.mk/job/dA70PPRe40icO79GOsP_9A/operator-za-kontrola-na-kvalitet-lokacija-ohrid

Почетна плата од 18.000 денари и стимулирачки бонуси. Прима оптика го проширува својот тим со АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/Bf9u-_UcO0OvZTN4W_GhkA/asistent-za-prodazhba

„Скопје Еаст Гате СЕГ“ дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. Поради проширување на одделот за финансии вработуваат ФИНАНСИСКИ КОНТРОЛОР: https://kariera.mk/job/Sv-0XUgHM0-FEfvCsOxeow/finansiski-kontrolor

Philip Morris Tutunski Kombinat Prilep е во потрага по BUSINESS BUILDING EXECUTIVE за Битола или Охрид: https://kariera.mk/job/Kd2vDCdc4EW1IERwn5h5ig/business-building-executive

Европа Лек Фарма со отворени работни места за: 

Промовирани огласи »

За три дена во Скопје Сити Мол ќе има саем за „Купи куќа, купи стан“ на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата и за понудите од градежните компании и на банките на едно место, објави Нина Ангеловска, министерката за финансии.

- Ќе има и преставници од Министерството за финансии за да им помогнат на заинтересираните да го решат своето станбено прашање. Од јуни проектот има значително ппдоброени услови. Каматната стапка од првите три години на ратата е намалена на 2,9 проценти, додека на 3,9 отсто за четвртата и петата година. Се зголемува и субвенционираното учество од 50 на 70 проценти и има поволности за младите до 35 години, рече Ангеловска.

Таа додаде дека до сега во 2019 има вкупно 97 апликации одобрени, вкупната сума на кредити е 3,6 милиони евра, од кои со 1,1 милион учествува државата.

- За периодот септември октомври у ноември 61 кредит е одобрен. Од интересот за 2019 одобрени се 71 за станови, 26 за куќи од кои сите се за млади до 35 години. До крајот на годината одобрени се очекува да бидат вкупно 150 кредити. Има поголеми поволности и интересот се зголемува, додаде Ангеловска.

Таа рече дека 125 милиони денари се планирани во 2020 за овој проект, а според пресметките на министерката, ако еден стан на крајот чини 50.000 евра, држава во таа сума учествува со 12, 5 илјади евра.

- Каматните стапки се во слободен пад, банките даваат поволни каматни стапки, овој проект влијаеше за поповолни услови и за сите останати граѓани Тековниот проект ќе продолжи и во предизборниот период, секако со позитивно мислење од Антикорупциската комисија, изјави Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »