Промовирани огласи »

Вработените во Агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов да не пушат на работа.

Агенцијата „KCJ Training & Employment Solutions“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач.

-Ја донесоа и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата, рече тој.

„Никого не десикриминирам“, рече тој и додаде дека нема ништо против паузите за пушење, нити работниците ги тера да престанат со таа навика .

-Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, ја појасни Брајден својата идеја.

Промовирани огласи »

Илирика има потреба од СОВЕТНИК ЗА ЛИЧНИ ФИНАНСИИ: https://kariera.mk/job/qPH3Bryw6kSpee6PX-xIwQ/sovetnik-za-lichni-finansii

П.З.У Илумидент вработува СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА со работно иускуство: https://kariera.mk/job/cB80XxkbnEmTzO_mdmch6g/stomatoloshka-sestra

Продукција Перспектива со 3 отворени работни места:

Matrix Global го проширува својот тим со VIDEO EDITOR: https://kariera.mk/job/1sZw4gO8Rkim_7JyFAJdXA/video-editor

Техномаркет вработува ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР: https://kariera.mk/job/9OmjdZ1aakmn3KOqdTIjJw/tehnomarket-vrabotuva-grafichki-dizajner

Промовирани огласи »

Просечната нето плата во Словенија  во октомври лани била 1.122 евра. 

Тоа е номинално повеќе за 1,6 отсто, а реално за 1,5 отсто во однос на претходниот месец.

Словенечката плата за октомври на годишно ниво пораснала за 3,3 отсто номинално.

Просечната нето плата во приватниот сектор е поголема за 2,3 проценти во однос на септември и 0,4 проценти во јавниот сектор.

Највисока нето плата од 1.593 евра е исплатена во индустријата за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а најниска во административните и помошните услужни дејности, 814 евра.

Податоци за септември лани, покажаа дека Словенија е лидер на Балканот, а Македонија е на дното по просечна плата. 

Во август 2019 година исто така е регистриран раст на просечната плата во Словенија. 

За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, во Македонија била  25.726 денари.

Промовирани огласи »

Германците кои важат за едни од највредните работници имаат 11 неработни денови, како национални празници, а по федералните држави, и локално тој број расте на 27. 

Австријците имаат 16 денови, национални празници, плус уште неколку денови кои се празнуваат локално. 

Во Шри Ланка има 25 неработни денови, а во Камбоџа дури 28. Но, оваа 2020 година, во Камбоџа бројот на празници ќе се намали на 22. 

Граѓаните на Кипар ќе имаат 15 неработни дена. 

Шпанија има само 8 национални празници, но регионално и по градови има повеќе празници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »