Промовирани огласи »

На што најмногу се жалат граѓаните до Организацијата на потрошувачи?

Извештајот на ОПМ за минатата година говори дека најголем број од поплаките се однесувале на категоријата производи, од кои како најзастапени биле техничките производи, белата техника и производите во домот.

Кај техничките производи најактуелни меѓу оштетените потрошувачи биле мобилните телефони и телевизорите, кај белата техника, најмногу се жалеле на машините за перење, инвертерите и фрижидерите.

Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки, се споменува мебелот.

Од категоријата општо во која потрошувачите ги пријавуваат проблемите со попустите,
недоставените производи, барањето на информација и слично, најголем број поплаки се однесувале на категоријата „недоставен производ”, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не им бил доставен нарачан и платен производ на време.

Меѓу услугите најзастапени се поплаките за туристичките услуги, кои се однесуваат на изгубени куфери при трансфер со автобус.

Кај јавните услуги – телекомукациските, електрична и топлинска енергија, имало проблеми во сите, кај телекомуникациските граѓаните се жалеле на сметки, а кај електричната и топлинската енергија за сметки и за застарени сметки.

„Од специјалистичките советувања, најзастапени се проблемите со осигурувањето, додека поплаките за храна и домување беа сведени на минимум (имајќи го предвид фактот дека АХВ има бесплатна линија за поплаки и Одделение за заштита на потрошувачи). Иако бројката на поплаки за финансиски советувања беше мала, дел од советите се однесуваа на проблемите на кредитите, каматната стапка и трошоците за заверување кај нотар, кои дополнително се наплатуваат“, се вели во Извештајот на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Промовирани огласи »

Почна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно за второто тромесечје за 2020 година.

Како што соопшти министерката за финансии Ангеловска, досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

„Исплатата ќе продолжи и деновиве како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерството за финансии, се` додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од годината“, напиша Ангеловска.

Во јули е забележан најголем број на скенирани сметки со 21,5 милиони сметки, што претставува 80 отсто повеќе во однос на просекот на сите останати месеци.

Промовирани огласи »

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го анализира појавувањето на т.н. кластери, во овој случај групи од најмалку две заразени со коронавирус, во различни работни средини, за да ги охрабрат државите да обрнат внимание на специфични групи на работници и работни услови што овозможуваат ширење на инфекцијата.

Според податоците од анализите, најголем ризик за инфекција со коронавирус имаат вработените во домови за стари лица, како и медицински работници во болници.

Иако лекарите и медицинските сестри се помалку болни од луѓето кои работат во старечки домови, нивната смртност е поголема.

Од друга страна, продавниците се покажаа како прилично безбедни работни околини.

На второ место во однос на бројот на пациенти се погони за преработка и пакување на храна, како што се кланици, земјоделски работи, и фабрики.

На дното на скалата се продавниците и образовните институции, додека баровите и рестораните забележале само пет појави на групирање на заразените. Како и да е, треба да се забележи дека во текот на пролетните месеци работата на секторот образование и на гостопримството, беше ограничена.

Дури 95% од извештаите на групите на пациенти доаѓаат од затворен простор, што само по себе е проблем затоа што повеќе од 80% од работите се прават во затворено.

Извор: kurir.mk

Промовирани огласи »

Вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата, соопшти Народна банка на Македонија. 

Годишната стапка на раст изнесува 7,9 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2 отсто и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9 отсто и 8,4 отсто, соодветно.

На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 проценти, информираат од централната банка. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »