Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека причини за големото зголемување на невработеноста од околу 46.000 граѓани кои се пријавиле како невработени во периодот на корона-кризата се должи на тоа што еден дел од младите се пријавиле во Агенцијата за вработување за да ја добијат финансиската поддршка од економскиот пакет на антикризни мерки, но и поради тоа што не можат да заминат на работа во странство.

- Дополнително кога владата ги носеше пакетите за финансиска поддршка, ние имаме прилив на голем број на млади кои аплицираа да добијат, прво финансиска поддршка, а дополнително за да влезат во проектот Гаранција за млади, односно младински додаток. Тоа се мерки кои владата ги презема, а за да може да ги користат тие права, тие дополнително се пријавија повеќе. Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи, вели Шахпаска во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Според министерката, поради пандемијата со ковид 15.858 граѓани ги изгубиле своите работни места, од кои на 7.000 граѓани им прекина работниот однос, затоа што бил предмет на договор, односно работа на определено време, 2000 работници останале спогодбено во договор со работодавачот а процентот на граѓаните кои останале без работа заради затворање на компании е некаде околу 2500-3000 граѓани.

- Бројката која Вие ја кажувате до 40 илјади, тоа е бројка на новорегистрирани невработени, не работници кои останале без работа заради пандемијата. Со воспоставување на концептот, со воведување на гарантирана минимална помош, ние истовремено работиме на активирање на примателите на гарантирана помош на пазарот на трудот и оттука постои интегрирано водење на Центрите за социјална работа, заедно со Агенцијата за вработување. Овој концепт на активација значи сите членови на семејството, коишто се вработливи, да се пријават во агенцијата за вработување и таму водителот на случај таму треба да направи проценка кој од тие возрасни членови е најсоодветен, највработлив со оглед на неговите квалификации, образование и потребите на пазарот на трудот. И нас дополнително бројката на пријавени невработени ни се зголеми точно заради спроведување на социјалната реформа, вели таа.

Промовирани огласи »

Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, во денешното интервју за МИА вели дека саконското решение наскоро ќе биде изгласано во Собранието и ранливите категории на граѓани ќе ги добијат средствата на трансакциските како финансиската поддршка од 6.000 денари во рамки на четвртиот пакет на мерки за справување со последиците од Ковид-19.

- Законот со кој ќе се спроведе мерката за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани е во собраниска процедура и со него ќе се доделат средства од по 6.000 денари еднократно на околу 300 илјади граѓани. Законот e одлучено да оди по скратена постапка на Собрание и очекувањата се дека набргу ќе се донесе.  Со оваа мерка освен поддршката кон ранливите категории на граѓани, како пензионерите, самохраните родители, децата без родители – ќе се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период и на тој начин ќе се делува на радвижување на економската активност.

Инаку мерките од Четвртиот пакет кои се во надлежност на Министерството за финансии, и кои беа овозможени со ребалансот на Буџетот  може да се категоризираат во четири категории, како: мерки за директна финансиска поддршка на фирмите, мерки за финансиска поддршка на граѓаните, даночни олеснувања и мерки во насока на системски решенија. Со овие средства ќе се даде поддршка на приватниот сектор и граѓаните за време на вториот ковид-бран, а понатаму ќе дадат поддршка во заздравувањето. Овие мерки се така дизајнирани да дејствуваат позитивно и на страната на понудата и на страната на потрошувачката и на тој начин да ги амортизираат последиците од кризата, вели Ковачевски.

Инаку изборот на економските оператори каде ќе може да се пазари со тие 6.000 денари ќе се врши врз основа на утврдени критиериуми преку „МСС кодови“ и не е слободен избор на Владата, информираат од Владата за дуќаните каде ќе можат граѓаните да ја потрошат помошта од 6.000 денари. 

Помош добиваат граѓаните со низок доход, пензионери до 15.000 пензија корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Конечната листа кој ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk осум дена откако Законот ќе биде изгласан и ќе биде објавен во Службен весник. 

Во однос на финасиската поддршка за плати за работодавачи, заменик-министерот вели дека за октомври има 14.946 барања, од кои досега прифатени се 13.783 апликации кои се  однесуваат на 59.303 вработени, а износот е 923.467.176 денари. За самостојни вршители на дејност има прифатено 4.222 барања досега од поднесени 6.844 барања. -

- Би сакал да истакнам дека оваа мерка годинава одржа преку 120 илјади работни места во налетот на најголемата криза, кога голем број од капацитетите не работеа и очекувам да даде добри резултати и сега, додава Ковачевски.

Промовирани огласи »

Од јануари до крајот на октомври годинава на сите наплатни станици во државава била наплатена патарина на  25.275.212 возила при што е остварен промет од 1.707.754.473 денари.

-Целата ситуација поврзана со пандемијата на Ковид 19 остави трага и во работењето на наплатните станици. Резултатите разбирливо не се на проектираната сума, меѓутоа, сепак не се занемарливи, велат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Конкретно, најслаб промет од наплата на патарина по сите основи е регистриран во април кога во сила беа најригорозните мерки за ограничување на движењето, полициските часови и карантините. Наплатени се вкупно 96.115.367 денари. Најголем промет е остварен во август кога се наплатени 203.361.750 денари

-Поради ситуацијата, во голема мера е намален сообраќајот на Коридорот 10 бидејќи отсуствуваат странските возила, немаше туристи и сето тоа се одразува на остварените резултати. Наплатните станици од Коридор 8 функционираат со поголем капацитет и кај нив моментално се остварува поголема наплата, велат од ЈПДП.

Извештајот на ЈПДП за првата половина од годинава покажува дека во тој период е остварен приход по основ на патарина во износ од 892.140.435 денари, односно 29,74 проценти од планираните. Споредено со истиот период од минатата година приходот по тој основ е помал за 20,46 проценти, односно 229.530.675 денари. Приходите од акцизата на нафтените деривати, пак, изнесуваат 1.389.920.116 денари, или 44,84 проценти од планираните, а споредено со првиот квартал лани се поголеми за 1,18 проценти. Од надомест за патна такса што се плаќа при регистрација на моторни возила е остварена повисока наплата за 0,14 проценти.

Продадени 20.602 уреда за електронска наплата

Во рамки на електронската наплата продадени се вкупно 6895 уреди, од кои 4366 електронски МСмарт картички и 2529 електронски уреди Мтаг, со што, годинава е остварен промет само од продажба на уреди во висина од 3.741.400 денари. Направени се 103.326 поединечни надополнувања на уредите и прометот по тој основ изнесува 235.366.191 денари. Извршена е и уплата на 5650 Билети за ненаплатена патарина (VT билети) со што е остварен промет од 1.006.100 денари.

Од започнувањето на електронската наплата на патарина, па до 15-ти месецов се продадени вкупно 20.602 електронски уреди.

-Ова укажува дека електронската наплата на патарина функционира успешно. Нашите корисници брзо се прилагодија на новиот систем за наплата затоа што самиот систем си има бенефити, брз проток, брз транзит, плаќање на фактури и онлајн, следење на состојби и транзити преку веб портал со што се избегнува дополнителна документација и слично. Фидбекот е позитивен, а тоа го покажуваат и остварените резултати, информираат од ЈПДП за МИА.

Во тек е евалуација на втората фаза од тендерот на ЈПДП за проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Во првата фаза понуди доставија пет компании од кои три се квалификуваа за втората фаза.

Проектот опфаќа, модернизација на постоечките наплатни станици на Коридорот 8 со електронски систем за наплата на патарина и изградба на нови наплатни станици на автопатот Миладиновци-Штип.

Вкупната вредност на проектот е 13,7 милиони евра, од кои 13 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а 700 илјади евра од Јавното претпријатие за државни патишта од својот буџет. Временската рамка за реализација на проектот е 12 месеци од потпишување на договор, нагласуваат од ЈПДП.Доколку при поминување патарина сте го заборавиле паричникот ќе ви биде издаден билет со бар код (ненаплатен билет), за кој што дополнително се прави уплата. Билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање се издава на наплатните станици на кои е воведен електронскиот систем за наплата на патарина.

Во евиденцијата на Јавното претпријатие стои дека од почетокот на годината до крајот октомври била извршена  уплата на 5650 билети за ненаплатена патарина (VT билети).

-Доколку корисникот на патот – сопственик на возилото не ја плати патарината или на кој било начин одбива да го стори тоа, му се издава билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање во рок од 24 часа од моментот на издавањето, појаснуваат од ЈПДП.

Билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање се издава на наплатните станици на кои е воведен електронскиот систем за наплата на патарина. Корисниците на патот на кои им е издаден билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање можат да го платат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде се врши продажба и надополнување на електронските уреди и на официјалната веб страница на Јавното претпријатие за државни патишта, стои во член 10 од Одлуката за висината и начинот на наплата на патарини.

Промовирани огласи »

Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги. 

„Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени Фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата“, изјави министерот. 

Секојдневно соработуваат и со бугарското МВР, за вакви случаи таму и за секое друго прашање.

И премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се пофали дека брзо реагирале за да го расчистат случајот со палењето на бугарското знаме, но и дека го разрешиле новинарот Зоран Иванов од Извршниот одбор на МИА поради Фејсбук статус. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »