Промовирани огласи »

Поради се погласното дебатирање за недела како неработен ден за сите и се повеќе експлoатирање на темата, за популистички цели од најразлични групи,  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС јавно го искажува својот став кој всушност го бранеше пред Економско – социјалниот совет.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на КСС:

КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа:

  • Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%.
  • Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота.

Со ваква измена сметаме дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што:

во Законот за работни односи, член 117 став 5 вели дека: ,,Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно”.
Со ваква измена во членот 134 и имајќи го предвид членот 117 каде што кажува колку најмногу може прекувремено да работи еден работник, се заштитува работникот од една страна, да неможе да работи секоја недела, а од друга страна исплатата на дополнителна зголемена дневница го задоволува трудот кој сега би имал додадена вредност и капиталот се распределува порамноправно.

Сето друго сметаме дека е чист популизам. Од една страна трговците лицитираат и лобираат, од друга страна ќе се направи хаос во Законот за работни односи, доколку се опишува кои дејности треба да работат, а кои не. Во време на економска криза многу лесно може да се случи заради неработење во недела да се намалат платите и да се кратат работни места.

Од тие причини ние препорачуваме дека во моментот нашиот предлог е можеби и најприфатливо решение за сите засегнати страни.

КСС со ваков предлог,  кој ќе го брани со силата на аргументите излезе и пред надлежните, за што веруваме и дека се сложуваат сите останати преставници на работниците,  но и дека се дава можност на бизнисот да продолжи во овие тешки времиња да ја преживее оваа економска криза. Во спротивно сите други предлози, се чини дека би биле неприфатливи од причина што ќе се направи дискриминација со селектирање кој може, а кој не може да работи во недела.

Промовирани огласи »

До крајот на 2020, вработените и во приватниот сектор, ќе добијат К-15, односно регресо за годишен одмор, а минималниот износ за оваа година е 10.884 денари.

Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.

За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат гпарични казни до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Супермаркетите и трговците на големо да не работат во недела, додека за малите трговци, угостителите и туристичките агенции засега нема да важи тоа. Ова е предлотот на Министерството за економија во врска со идејата за недела да биде неработен ден.


Граѓаните се со поделени мислења за тоа дали и кој треба да работи во недела.

Стопанствениците велат да не се брза. Поради кризата Стопанската комора на Македонија побара примената на Законот да се одложи за најмалку една година, односно да се остави време за бизнисот да закрепне. Ако се воведе недела за неработен ден тоа ќе влијае на продуктивноста и конкурентноста на компаниите.
Од Стопанската комора на северо-западна Македонија бараат повеќе време за преговори.

“Нашите барања се да се почитуваат некои правила, каде што дел од бизнисите кои оперираат за викенди да можат да ја вршат дејноста, но да се запази и делот сите вработени да имаат еден ден одмор во текот на неделата и тоа да се почитува. Но, истакнавме да не се брза со ова бидејќи информациите од Министерството за труд ги добивме, треба да ги разгледаме и како Комори да излеземе со предлози за ова прашање”, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северо-западна Македонија.

Сојузот на синдикати на Македонија ја поддржува идејата, бидејќи тие веќе подолго време се залагаат за неработна недела. Сметаат дека викенд полицискиот час покажал дека општеството може да функционира и доколку не се работи во недела.
За измените во Законот очекуваат навремено да бидат информирани и да бидат вклучени во целиот процес.

“Во одредени дејности (како полиција, армија и здравство), работни задачи, во недела, може да извршуваат работници каде што природата на работниот процес не дозволува прекин, а за тоа имаат право на зголемување на основната плата на работникот, по час најмалку за дополнителни 50% за работа во недела,  како и право на слободен ден во текот на неделата”, предлагаат од ССМ.

Според дадените рокови од министерката за труд, предлог законот би требало утре да се најде на владина седница, а од новото законско решение изземени ќе бидат здравството, полицијата, противпожарните и комуналните служби.

Промовирани огласи »

Жените секогаш се облекуваат елегантно за своето работно место, особено ако постои кодекс на облекување во нивните компании. Меѓутоа, тоа што ги разликува сите една од друга се потпетиците што ги носат, докажано е во најновите истражувања за женската продуктивност.

Најпродуктивни се оние жени кои не носат потпетици и не чувствуваат тежина од работењето. На крајот од работното време се многу поопуштени и релаксирани од останатите.

Вторите по ред се жени кои носат ниски потпетици. Удобноста докажано ја зголемува продуктивноста, а има ли поубаво нешто од удобни чевли?“, стои во резултатите од ова истражување.

Значи, пасијата на жените за купување на потпетици всушност е осигурување за нивната удобност и продуктивност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »