Промовирани огласи »

Многу ентузијазам, многу забава, еуфорија се само мал дел од работите кои асоцираат на дочекот на новата година... Дочекот на новата година е еден од најочекуваните периоди во текот на целата година и со нетрпение очекуваме да го прославиме!

Но дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува овој концепт за Нова Година? Кои се различните новогодишни обичаи што се следат низ целиот свет? Ако не, еве список од неколку интересни новогодишни факти:

  1. Новогодишните прослави не се нови. Концептот всушност датира од 2000 година п.н.е. Месопотамците ја славеле Новата година!
  2. 1-ви јануари како Нова Година никогаш не бил вообичаена практика. На пример, Римјаните го прославувале 1 март како Нова Година.
  3. 1-ви јануари бил прифатен како Нова Година во 46 година п.н.е. од страна на Јулиј Цезар. Англија и американските колонии на Англија го прифатиле датумот долго време подоцна во 1752 година.
  4. Новогодишните подароци датираат уште од античко време кога Персијците порано подарувале јајца и на тој начин ја симболизирале продуктивноста.
  5. Кога станува збор  за традициите, не можеме да ја пропуштиме естонската практика на јадење 7, 9 или 12 оброци во пресрет на Новата година. Тие веруваат дека јадењето толку многу оброци ќе им даде сила на толку многу луѓе во годината што следи.
  6. Шпанската традиција е да се јаде грозје на полноќ на 31- ви декември. Додека го јадат ова грозје, Шпанците замислуваат желби. Се верува дека оваа традиција носи среќа за оние кои ја практикуваат. Оваа традиција на јадење грозје започнала уште во 1895 година.
  7. Грците имаат традиција да кршат калинки непосредно пред нивниот праг. Се верува дека оваа традиција носи среќа и просперитет.
  8. Во Португалија, Унгарија, Австрија и Куба, свинското месо е стандардна новогодишна храна и означува просперитет и напредок.
  9. За античките Грци, поплавувањето на Нил секоја година го означува почетокот на Новата година.
  10. Јапонците јадат долги јуфки на Нова Година. Долгите тестенини означуваат долг живот.

Промовирани огласи »

Почетокот на новата година отвара можности и за нови вработувања. Неуромедика,  ЕВН Македонија,  Зегин ДОО Скопје, Major Ltd. се само дел од компаниите кои во моментов имаат отворени работни позиции. KARIERA.mk во продолжение Ви ги претставува актуелните работни позиции.

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 28 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, во моментов има отворени работни места за следниве позиции:
АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО
ОПШТ ДОКТОР / ОПШТ ХИРУРГ / СПЕЦИЈАЛИСТ ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГ И ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ ФИЗИЈАТАР
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ - МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - АНЕСТЕТИЧАРКИ

Групацијата Киел е една од водечките европски производители на седишта за патници за автобуси и железнички возила.Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти. Во моментов има потреба од:
MATERIAL PLANNER & DISPOSITION
SALES SPECIALIST / ORDER PROCESSING - GERMAN SPEAKING 
TIME STUDY ENGINEER
PRODUCTION PLANNER

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ги застапува најпознатите технолошки брендови, при што формира стабилен ланец на набавка и испорака на материјали од електро индустријата, при што овозможува техничка поддршка и помош за нашите клиенти преку изработка на документација и тестирање. Поради потребите за проширување на својот тим во моментов има потреба од:
ТЕХНИЧАР ЗА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

ЕВН АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. Во моментов има отворени работни позиции за:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ТРАФО МЕНАЏМЕНТ ВО ШТИП (М/Ж)
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО КЕЦ КАВАДАРЦИ ВО ГРУПА 2 (М/Ж)
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО КЕЦ КАВАДАРЦИ ВО ГРУПА 3 (М/Ж)

ТД Макошпед АД - Скопје е акционерско друштво во приватна сопственост регистрирано за меѓународно шпедиција, складирање, надворешна и домашна трговија. Оваа компанија во моментов е во потрага по:
ВОЗАЧ СО „E“ КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа е во потрага по:
ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО

Промовирани огласи »

По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.

На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.

За време на Божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари 2021, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Неработниот ден е прогласен согласно Законот за празници.

Во продолжение прочитајте и кои се сите неработни денови кои ќе ги имаме во новата 2021 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), Министерството за труд и социјлана политика го објави календарот на неработни денови за 2021 година.

За сите граѓани на РМ: 1 јануари (петок), Нова Година, 7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, 1 мај (сабота), Ден на трудот, 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 2 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед: 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ, 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 5 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (недела), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »