Промовирани огласи »

Просечната плата треба да изнесува најмалку 500 евра за да може граѓаните да имаат солиден живот и доволно пари за да ги покријат основните трошоци, согласни се експертите и оние што ги анкетиравме.

Според последните податоци на Сојузот на синдикати, на едно четиричлено семејство за преживување месечно му се потребни 32.263 денари или околу 520 евра. Најголем дел од парите одат на храна и пијалоци и за одржување на домот, односно речиси 24 илјади денари. Во сумата влегуваат и трошоците за хигиена, потоа превоз, облека и обувки, култура и одржување на здравјето. Просечната плата во земјава изнесува 22 294 денари, но поголемиот дел од вработените и немаат толкави примања. Граѓаните велат дека платата или пензијата им стигнува за сметки и за храна, но за останатите трошоци немаат пари.

„Зависи кој каде работи и тоа е многу важно. Какви се примањата на двајцата членови во семејството и децата колкави се и колку трошоци имаат. Секогаш има дополнителни трошоци во месец за децата за нивното школување или студии. Значи тоа не е доволно и срамота е просекот кој го имаме во Македонија за месечните примања“.

„Никаков е стандардот, што да кажам. Со осум илјади, дома тројца живееме. Дали струја, вода, телефони да плаќаме, а за јадење не останува ништо“.

„Немам толку ниски примања, да речам дека се средни и заедно со жената излегуваме на крај, но само за основните потреби, а другите давачки не ги ни пресметуваме. Се што е повеќе од тоа е дополнителен трошок“.

Бројките само ја покажуваат реалноста, а тоа е дека Македонија е една од најсиромашните земји во Европа.

Потрошувачката кошница е за семејство кое живее во стан од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Во пресметките не влегуваат и трошоци за летен и зимски одмор, ниту излегување во некое кафуле или ресторан.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Минатата недела цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денари. Цените на останатите нафтени деривати останаа исти како неделата пред тоа.

Промовирани огласи »

Кам ДОО Скопје, CMX solutions,  Декра, b watch 1920, Mellon Solutions се само дел од комапниите кои во моментов имаат отворено нови работни места. Касиери, раководни лица во маркети, познавачи на германски јазик, асистент за човечки ресурси, IT engineer се само дел од актуелните огласи на KARIERA.mk. Во продолжение, Ве информираме подетално за компаниите и новотворените работни позиции.

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 70 КАМ маркети, лоцирани во 20 градови низ Република Македонија. Поради понатамошен развој, компанијата има потреба од:
АСИСТЕНТ во ИТ сектор
РАКОВОДНИ ЛИЦА ВО МАРКЕТИ
КАСИЕРИ

ЦМХ Солушнс, компанија која на пазарот во Македонија веќе 5 години успешно работи во доменот на давање кориснички услуги продолжува да го зголемува својот тим. Во моментов, со цел проширување на нивниот тим се во потрага по:
РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

DEKRA Arbeit Group има преку 100 канцеларии во Германија. Интернационално, DEKRA Arbeit Group е присутна во Шпанија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Во име на својот клиент, интернационална фармацевтска компанија, присутна во сите главни терапевтски области која развива, произведува и продава готови дозирани лекови, ДЕКРА ја објавува позицијата:
БРЕНД МЕНАЏЕР

B watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р. Македонија, има потреба од проширување на својот тим. Потребни  се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област. Во моментов се во потрага по:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Групацијата Мелон е водечка грчка мултинационална група на компании која нуди специјализирани решенија и услуги за задоволување на потребите на финансиските институции и други организации и чија деловна активност е насочена кон големи групи клиенти. Седиштето на Мелон Групацијата е во Атина, Грција и во моментов  има над 6.000 вработени во 12 земји. Поради проширување на својот тим се во потрага по:
IT ENGINEER

Кеитаро е компанија со отворен извор што ги поттикнува деловните субјекти, владите и заедниците во целиот свет. Во моментов имаат потреба од:
BACK-END DEVELOPERS

Групацијата HeadHunter е иновативна компанија за екипирање и регрутирање која работи во Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција и САД. За нивниот клиент, ги бараат следните позиции во Скопје:
SALES REPRESENTATIVE
РЕФЕРЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »