Асистент за човечки ресурси

За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит. повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Aсистент за продажба- Скопје

b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р.Македонија, има потреба од проширување на својот тим.

 

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Креирање, имплементација и следење на годишен план за менаџирање на човечките ресурси на компанијата.

  • Развивање на стратегија за човечки ресурси во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста.

  • Следење на светските трендови во сферата на човечките ресурси.

  • Изработка на договори за работа и следење на истите, пријави и одјави на вработени на компанијата.

  • Подготовка на документација за изработка на плата.

  • Пресметка на изработени работни часови на вработените.

  • Интервјуа со потенцијални кандидати, обука и менторство на новите вработени.

  • За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.

  • Активно водење според моделот plan, do, review.

 

Потребни квалификации:

  • Задолжително работно искуство во сферата на човечките ресурси од минимум 1 година.

  • Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет , Филозофски Факултет, Бизнис и администрација

  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата

  • Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа

  • Одлично познавање на Англиски јазик

  • Одлично познавање на Office пакет (задолжително Excel и Word) и Интернет

  • Желба за понатамошно учење и развој

  • Совесност , одговорност и самомотивираност

 

 

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци.

  • Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување.

  • Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност.

  • Посета на курсеви и семинари од областа на човечките ресурси би се сметале за предност.

 

Ние нудиме/ Вие добивате:

  • Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни.

  • Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област.

  • Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920.

 

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведените точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.01.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – “За работна позиција “Асистент за човечки ресурси”.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »