КАМ ДОО ИЛИНДЕН
ЕМБС: 5294576
Индустрија: Трговија
Адреса: ул.35 бр.39 1041 Илинден
Град: Скопје
ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА
КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ стои внимателно избран асортиман од над 1700 производи со повеќе од 600 производи од приватни трговски марки. Овој концепт обезбеди успешен и брз развој во изминатите години, a во моментов КАМ има мрежа од 84 продавници во Македонија.
ПРИНЦИПИ НА КОМПАНИЈАТА
Нашето општество, околината и нашето претпријатие континуирано се развиваат. Во чекор со тоа, нашата компанија континуирано ги приспособува и принципите на нашето работење, кои во иднина ќе ги надградуваме на три подрачја: раст, придржување кон правните прописи (Compliance) и долгорочна одржливост на работењето.
Како компанија која дејствува интернационално, свесни сме за нашата големина и присутноста во јавноста. Нашето работење го карактеризираат следните принципи на работење и однесување.
- Прва одлика на нашето работење е задоволството на потрошувачите
- Нашата позиција на пазарот ја детерминира промислениот однос цена-услуга
- Нашиот раст продолжува понатаму преку експанзија и постојано подобрување во нашите маркети
- Како претпријатие составено од голема мрежа маркети, работиме по систем
- За нашиот успех пресудни се кратките патишта на одлучување и поедноставените работни процеси
- Се придржуваме кон важечкото право и интерните процедури
- Во нашето секојдневно работење, преземаме економска, социјална и еколошка одговорност
- Фер-работењето е императив спрема секого во компанијата
- Заемно се почитуваме и се поддржуваме
- Кон спогодбите се придржуваме во клима на доверба
- Работната клима во нашето дневно работење се одликува со пофалба, признание и способност да се прими критика
- Опкружени сме со лојални вработени – во секој сектор е обезбедена и замена
ФИЛОЗОФИЈА
- Се концентрираме на најважното
- Ограничен асортиман
- Едноставно пазарување
- Бескомпромисен квалитет
- Висококвалитетни приватни марки
- Одговорно менаџирање
- Формираме најдобри можни цени
ИДНИ ПЛАНОВИ
Експанзијата на КАМ во Македонија трае континуирано во последниве години, со што КАМ е еден од најголемите синџири на малопродажни продавници за храна и производи за широка потрошувачка во земјата. Планирано е натамошно проширување во следните години и, според бизнис-планот, планирано е да се отворат дополнителни 15 продавници во Северна Македонија и околу 40-50 нови продавници во Бугарија.