Промовирани огласи »

На 26 февруари 2020 во Македонија беше регистриран првиот случај на коронавирус, кај патничка која пристигна од Италија патувајќи со комбе, но и покрај тоа, не е регистриран ниеден позитивен сопатник.

До овој ден, коронавирусот ни се чинеше како нешто што се случува далеку од нас, иако дури и во најблиското соседство имаше потврдени случаи, а границите на државата и понатаму беа отворени, што значи дека секојдневно заминуваа и пристигнуваа голем број луѓе. Но, кога одекна веста за првиот потврден случај, стравот и неизвесноста станаа поголеми, бидејќи веќе сите знаевме дека таа бројка ќе расте. Само неколку денови подоцна беа регистрирани уште два нови случаи, сопружниците од Дебар кои исто така допатувале од Италија.

Иако првото искуство со вирусот беше дека позитивната пациентка не „создаде“ кластер, со сопружниците од Дебар не беше така. Секој ден растеше бројот на заразени во градот, луѓе кои имале директни контакти, а имаше и неколку медицински лица кои беа позитивни на коронавирусот, по што се воведе кризна состојба во Дебар и Центар Жупа и беше ангажирана Армијата.

Но, она што ја разбранува јавноста и предизвика голем бес и лутина беше неодговорното однесување на докторката Нина Цаца, која во тоа време беше и директорка на Клиниката за кожни болести. Таа исто така се врати од Италија од скијање и беше официјално четвртиот регистриран позитивен случај на коронавирус во државата. Меѓутоа, наместо да се изолира и покрај симптомите, таа одела на работа и во меѓувреме одржала стручна конференција со голем број присутни лица од фелата.

Вонредна состојба на цела територија

Сериозноста на ситуацијата беше клучна за да се воведат препораки за намалено користење на јавниот превоз, привремено распуштање на учениците од физичка настава додека да се најде друго решение, препораки за работа од дома за хронично болните и високоризичните лица (во оние професии каде тоа е возможно), но и затворање на кафулињата и угостителските објекти, кои беа први на удар на кризата која започнуваше.

„Редовно мијте ги рацете, доколку нема услови за тоа користете средство за дезинфекција, носете маска и ракавици, не допирајте го лицето и очите“ беа само дел од препораките на СЗО кои важеа и тука. Но, преку ноќ цените на овие средства за заштита нагло пораснаа, поради големата побарувачка, но и неможноста на аптеките и продавачите да се снабдат со доволно роба. Ситуацијата не ја олеснуваше ниту паничното купување на големи залихи од овие средства, што во даден момент продавниците и аптеките беа принудени да ги ограничат купените количини по лице.

Министерот за здравство Венко Филипче на секојдневни прес-конференции известуваше за тековната состојба и заштитните мерки кои беа носени во консултација со претседателот Стево Пендаровски, со оглед на тоа што парламентарните избори беа одложени, а техничката влада ги нема истите ингеренции како регуларно избраната.

После Дебар, полициски час беше прогласен за викенди и во Скопје и Куманово, за после извесно време истото да важи за целата територија. Учениците не посетуваа редовна настава, туку таа се изведуваше онлајн, угостителските објекти се одржуваа со помош на подготовка на храна за носење, доколку имаа дозвола за тоа. Но, дали овие мерки дадоа резултати? Кај оние кои одговорно ги почитуваа, да, но сведоци сме дека многупати беше прекршуван полицискиот час, а и до ден-денес, една година подоцна, полицијата постојано изрекува казни за неносење на заштитна маска.

Каква е ситуацијата денеска?

По велигденските празници имаше нагло паѓање на бројките на новозаразени лица, а со доаѓањето на потоплите месеци, разбирливо беше дека сите луѓе сакаат да излезат и да се прошетаат, да се видат со оние со кои со месеци контактирале само преку телефон или видео-повик, но и да се вратат на секојдневните животни навики.

Сепак, сè уште сведочиме на грубо непочитување на најосновните заштитни мерки - одржување разумно растојание и носење маска.

Во меѓувреме, угостителските објекти започнаа со работа, обложувалниците, казината, одредени бизниси и стопанства, но и покрај тоа, последиците од нагло создадената криза се сè уште видливи. Голем број луѓе останаа без работа или пак земаат намалена плата, малите бизниси се соочуваат со неисплатливост... Бројот на новозаразени варира, има периоди кога се намалува, а потоа нагло расте, а Министерството за здравство веќе одамна не ги одржува редовните прес-конференции, туку известува за состојбата преку веб-страницата и официјалните профили на социјалните мрежи.

За жал, сведочиме како секојдневно грубо се крши заштитниот протокол, а одговорноста никој не ја бара кај себе, туку секогаш кај некој друг.

Вакцина против КОВИД-19 и различните мутации

Голема доза на надеж дава создавањето на вакцината, со која би запрела пандемијата. Во многу држави низ светот веќе се изведува вакцинација според национален план изготвен од властите, а се набавуваат вакцини од повеќе производители. Секако, дури и овој процес е опкружен со голем број контроверзии, но и теории на заговор кои масовно се шират токму со помош на социјалните мрежи.

Сосема очекувано е што постојат и неколку мутации на коронавирусот, бидејќи тој веќе предолго постои и се задржува меѓу луѓето и истиот (како и сите вируси) има способност да мутира, за да може да се адаптира на средината.

Што и да се случи, сепак не можеме да го заборавиме фактот дека од еден локален пазар во Вухан, во далечната Кина, започна нешто што го смени начинот на живеење и функционирање на луѓето во целиот свет.

За жал, голем број лица ги изгубија животите бидејќи не се изборија против заразата. Меѓу нив имаше и медицински персонал, лица со хронични болести, со нарушено здравје, но и целосно здрави и млади личности кај кои заразата со овој вирус беше фатална.

А што се однесува на заштитните маски, дезинфекциските средства и ракавиците, тие веќе се достапни и по различни цени, со најразлични модели и дезени, бои, мириси, буквално како да станаа најнормален дел од секојдневниот живот.

Промовирани огласи »

Нагло паднаа цените на нафтата. Светските цени на нафтата се намалуваат по ненадејниот пораст на залихите на сурова нафта во САД.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта беше пониска за 56 центи или 0,9 проценти и сега е 61,11 американски долари за барел. Во Лондон цената на суровата нафта „Брент“ од Северното Море падна за 35 центи или 0,5 проценти и се тргува за 65,02 долари за барел.

Во почетокот  на месецот, цените на нафтата растеа. Лани годината беше турбулентна за нафтата. 

Промовирани огласи »

Ќе  можат ли граѓаните  ова  лето да се одмараат на море? Дел од туристичките агенции излегоа со понуди, но интерес нема. Освен Албанија и Црна Гора за каде не е потребен тест и во моментов  целопсно се отворени за влез,  понуди има и за краците, Турција, Хрватска, Босна и други земји со кои границите сеуште се затворени или пак е неопходн тест. Токму поради неизвесноста што ќе се случува до летото,  граѓаните повеќе се распрашуваат ,а малкумина   се осудуваат да направат резервација.

Туристичките работници стравуваат дека  и ова лето  Европа може да не отвори   за  трети земји или  да   воведе вакцинален пасош. Грција веќе го побара тоа од Унијата но предлогот беше одбиен. Сепак не се исклучува можноста одредени држави од ЕУ тоа сами да го направат.  Со тоа велат од секторот  ќе се зададае нов удар  врз домашниот туризам.

Се надеваат дека оваа година нема да биде промашена како ланската, затоа  што ако има уште една лоша сезона, ќе бидат принудени да се откажат од бизнисот.

Дел од земјите од регионот пак веќе наголемо се подготвуваат за новата сезона. Хрватска  објави дека има потреба од  повеќе  сезонски работнции.

За да се подобри домашниот туризам од секторот побараа да се воведат бесплатни ПСР тестови за странци. Загубите во туризмот се огромни и според процентките  ќе  бидат потрбени повеќе години да се вратат  бројките од пред пандемијата.

Промовирани огласи »

Pfizer и BioNTech во четвртокот наутро објавија дека планираат да ги проучат ефектите на третата доза вакцина Covid-19 кај учесниците од оригиналното клиничко испитување на вакцината.

Компаниите планираат да понудат бустер-дози на дури 144 учесници, 6 до 12 месеци откако ја примиле втората доза на вакцина. Испитувањето во првата фаза започна минатиот мај, така што некои луѓе кои учествуваа веќе имаат право на трета доза.

Иако формулата на бустер-дозата е идентична со онаа во првите две дози, тестирањето на безбедноста и ефикасноста на третата доза сега може да го отвори патот за развој на нови специфични варијанти на вакцината подоцна.

Откриено е дека варијантата B.1.351, која за прв пат е идентификувана во Јужна Африка, има неколку мутации на протеинот на вирусот. Ова може да претставува проблем за постојните вакцини и антитела кои се насочени кон тој дел од вирусот.

Прелиминарните податоци сугерираат дека вакцината на Pfizer и BioNTech може да заштити од B.1.351, како и B.1.1.7, повеќе пренослива варијанта која за прв пат се појави во Велика Британија. Но, Pfizer се подготвува за можноста дека на крајот можеби ќе треба да создаде дополнителни вакцини кои се насочени кон специфичните варијанти.

„Иако не видовме никаков доказ дека циркулирачките варијанти резултираат во губење на заштитата обезбедена од нашата вакцина, ние преземаме повеќе чекори за да дејствуваме одлучно и да бидеме подготвени во случај некој вид да стане отпорен на заштитата што ја дава вакцината“, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на Pfizer, во соопштението за печат.

Pfizer им се придружува на Moderna и AstraZeneca во обид да ги решат варијантите на Covid-19

Moderna, исто така, објави оваа недела развој на три различни бустер-дози наменети за справување со варијантите на вирусот. Компанијата веќе испратила една нова верзија на својата вакцина до Националниот институт за здравство за испитување и клиничкото испитување ќе започне „многу скоро“, изјави извршниот директор на „Moderna“, Стефан Бансел, за Алисон ДеАнгелис на Инсајдер.

Во тек е развој на уште две други бустер-дози на Moderna, заедно со нова вакцина која е насочена кон варијантата B.1.351.

Исто така, AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд започнаа да работат на „следната генерација“ вакцини Covid-19 за справување со специфичните варијанти. Партнерите развивачи за Ројтерс изјавија дека новата бустер-доза може да биде достапна оваа есен.

Што се однесува до тековното испитување на варијантата на вакцина во единечна доза на Johnонсон и Johnонсон, се покажа дека таа работи релативно добро против варијантата Б.1.351. Најновите податоци велат дека бустер-дозата била ефикасна 64% во Јужна Африка, во споредба со 72% ефикасност во САД и 61% ефикасност во Латинска Америка. Таа вакцина допрва треба да ја одобрува Администрацијата за храна и лекови, но може да се појави веќе следната недела.

Дури и ако вакцините штитат од специфичните варијанти, во секој случај можеби ќе ни требаат бустер-дозите

На луѓето можеби ќе им требаат бустер-дозите за да останат заштитени од Covid-19 откако ќе им се намали првичниот имунитет, напиша Ајлин Вудвард од Инсајдер во ноември.

„Со човечкиот коронавирус, можете постојано да се заразувате - не сте имуни за цел живот, вие сте имуни некое време“, рече Флоријан Крамер, вакцинолог од Медицинскиот факултет Икан на Mount Sinai, за Вудворд. „Нема причина да се мисли дека овој коронавирус ќе се однесува поинаку“.

Доколку постојните вакцини Covid-19 не успеат да се справат, експертите може да размислат да препорачаат бустер-доза, слично на вакцината за сезонски грип или ММР бустерот.

Иако сè уште не знаеме дали тоа ќе биде потребно, напорите како бустер испитувањата на Pifizer и Moderna имаат за цел да ја проценат безбедноста и ефикасноста на третата доза пред време, сè додека внимателно ги следат варијантите што се појавуваат.





 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »