Промовирани огласи »

Alma M е компанија основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 1999 год. Алма-М се проширува на територијата на Р.Косово со седиште во Приштина за кaде го добива правото за увоз и дистрибуција и продажба на WRIGLEY производите и за Р Косово. Во Октомври 2004 год. Aлма-М склучи договор со тогашен МобиMак денешен T-Mobile со кој се овластува да биде Master Dealer за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на Р. Македонија.

Во 2005 год. градењето на партнерски однос продолжува и со компанијата Македонски Телекомуникации, сегашен Т-Home.

Во 2006 год. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.

Во 2010 год. ja превзема дистрибуцијата на Nestle Ice-Cream во Македонија.

Имаат отворено 5 работни позиции во различни региони од државата:

М’РЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) ЗА ВЕЛЕС

М’РЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) ЗА СТРУМИЦА

М’РЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) ЗА ШТИП

М’РЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) ЗА БИТОЛА

ДОСТАВУВАЧ СО Б КАТЕГОРИЈА, РЕГИОН ТЕТОВО - ГОСТИВАР

Office Plus е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Office Plus е сопственик на брендот “Office Plus”, под кое име се објавуваат каталози и веб-страница.

Мисијата на Office Plus е да ги задоволи сите потреби за деловно работење на клиентите, лесно и навремено. Визијата на Office Plus е да стане препознатлив знак за квалитет на целата територија на РМ преку успешно поставување на комплетна продажна мрежа во целата држава.

Имаат отворено 3 работни позиции:

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

САМОСТОЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нашите главни карактеристики.

Имаат отворено 2 работни позиции:

АГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Како компанија која нуди услуги за системи за безбедност и автоматика, СЕНСОР ДОО проектира, инсталира и одржува комплетни системи за техничка заштита од 2000 година и претставува дел од TENZOR групација која е присутна на пазарот на поранешните делови на Југославија.

Решенијата кои Сенсор ДОО ви ги нуди се дизајнирани за малопродажни објекти, индустрија, административни згради, телекомуникациски сектор, банкарски сектор, јавна администрација и домаќинства. На барање на клиентот, нашата соработка може да започне со проценка на ризик и консалтинг, и да продолжи со проектирање и имплементација на сигурносниот систем. 

Висококвалификуваниот кадар што го имаме, ни овозможува да ви понудиме персонализирани безбедносни решенија по ваша мерка и истовремено да ја постигнеме нашата примарна цел: 

  • Исполнување на Вашите желби
  • Имплементација на квалитет 
  • Воспоставување на доверливо партнерство со нашите клиенти

Имаат отворено 2 работни позиции:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР - СЛАБА СТРУЈА

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Промовирани огласи »

Најголема доверба за чување на заштедата, македонските граѓани имаат во Комерцијална банка. Ова го покажуваат податоците на Народната банка кои велат дека Македонците во банките чуваат скоро 4,7 милијарди евра.

Како прва на листата во која граѓаните одлучуваат да ги чуваат парите, во Комерцијална банка депозитното салдо изнесува 1,3 милијарди евра.

Стопанската банка го зазема второто место , како банка во која граѓаните ги доверуваат заштедите а сумата која таму се чува како депозити е над милијарда евра.

Третото место на листата банки во кои граѓаните имаат најголема доверба е НЛБ. Во таа банка парите што се чуваат како депозити изнеусва 900 милиони евра.

Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки. Сепак, на која банка најмногу ги доверуваат своите пари на чување покажуваат податоците на Народната банка.

По овие, следуваат Халк банка, Охридската банка, Шпаркасе банка, Стопанска АД Битола и ТТК банка.

Промовирани огласи »

Иако имаме балансиран систем на рестрикции, не се исклучува можноста карантин, поголемите пратки вакцини се очекуваат на 31 март и 15 април.

Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето. Оцени дека земјава има балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност и оти следниот период до почеток на следната недела, има простор да се направи проценка на резултатите од сегашниот полициски час. Во меѓувреме во земјава вчера беа регистрирани нови 1.216 случаи на Ковид-19 од направени 3.761 тестови, оздравени 111 пациенти, а починати 15 лица.

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи дека посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања. Рече и дека за сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела.

За тоа зошто не е вакциниран, министерот Филипче, повтори дека лично ќе се вакцинира тогаш кога ќе стигнат поголемите дози вакцини.

Според директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски, бројките за вакцината на „Астра Зенека“ се многу убедливи и заклучокот на Европската агенција за лекови е до некаде очекуван.

-На вкупно 17 милиони дадени дози од вакцината на „Астра Зенека“ се пријавени 37 несакани ефекти во форма на некаква тромботична случка. Тоа прави една фреквенција што е помала отколку фреквенцијата во општа популација, изјави Петличковски.

Директорка на Инфективна клиника Милена Стевановиќ, рече дека пред многу кратко време ја поминала болеста, но дека ќе се вакцинира со „Астра Зенека“, во првиот момент кога ќе дојде за вакцинација.

Во однос на мерките, министерот кажа дека не ја исклучуваат можноста за карантин и дека тоа веќе го најавиле пред два дена.

-Сметаме дека младите луѓе, и тоа го гледаме од епидемиолошките слики, кои што продолжуваат со комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти се еден голем трансмитер на вирусот, изјави Филипче.

Лекарската комора ја повика Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бидејќи, како што наведе во соопштението, се наоѓаме во исклучително сериозна состојба, од која може да излеземе само ако сите почнеме одговорно да се однесуваме и да ги почитуваме мерките за заштита.

Тие како здравствени професионалци признаваат дека овие мерки се крајно непопуларни, но сметаат дека во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје повеќе од потребно е нивно воведување.

Од Лекарската комора ги повикуваат сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

Согласно вчерашните податоци, на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови во земјава се лекуваат 1193 пациенти со Ковид-19 и во ковид- центрите има околу 290 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 71 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Министерството за здравство, исто така соопшти дека се зголемува капацитетот за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „8 Септември”. Пуштен е во употреба дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со 25 болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека четврти месец откако во сите држави во светот се одвива вакцинација против корона, министерот Филипче се уште не знае кога ќе стигнат вакцини во земјава. Оттаму наведуваат дека додека сите земји вакцинираат против корона уште од декември минатата година или почетокот на оваа година во јануари, во С Македонија има незначителни дози на вакцини.

Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Промовирани огласи »

Сè уште не е време за промена на времето, вели портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, во изјава за агенцијата „Танјуг“.

На прашањето за конечен договор во рамките на ЕУ за запирање на сезонското менување на времето, од Брисел велат дека сè уште нема консензус меѓу земјите членки со кој треба да се согласат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

„Топката е во рацете на земјите членки кои треба да најдат заеднички став во рамките на Советот на ЕУ“, објаснува портпаролот на Комисијата.

Европската комисија, по јавни консултации и стручни анализи во септември 2018 година, презентираше предлог за ставање крај на сезонските промени на часовникот.

За време на јавната дебата во ЕУ, во која учествуваа околу 4,6 милиони граѓани, 84 проценти се заложија за укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно, а 16 проценти сакаа да ја задржат оваа практика.

Предлогот на Европската комисија да се запре сезонското поместување на часовникот беше поддржан и од Европскиот парламент во 2019 година, но за предлогот да стапи на сила, тој мора да ја почека одлуката на Европскиот совет, за која сè уште не е јасно кога ќе биде донесена.

Она што е јасно е дека следната смена на часовникот во Европа се очекува на 28 март.

Во ЕУ во моментов има три стандардни временски зони: западноевропско време (Ирска, Португалија, Велика Британија), средноевропско време (17 земји-членки) и источноевропско време (Бугарија, Кипар, Естонија, Финска, Грција, Летонија, Литванија и Романија).

ЕК потсетува дека европските земји вовеле летни смени на часовникот во минатиот век со цел да заштедат енергија, особено за време на војни или за време на нафтената криза во 70-тите години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »