Промовирани огласи »

Секојдневните патувања, одење на работа и трошење време и пари веќе полека но, сигурно стануваат минато и во Македонија. Канцелариската работа започнува да се заменува со домашна атмосфера. 

Денес, благодарение на технологијата, сѐ повеќе може да се забележат луѓе кои работат од дома. Ширум светот, но и во Македонија постојат многу бизниси кои овозможуваат онлајн работење, па така, една личност може да работи за некоја компанија која се наоѓа на другиот крај од светот. Работата од дома нуди многу предности, но постојат неколку работи кои треба да ги имате предвид со цел да имате поуспешна кариера и да останете поздрави. Еве за што станува збор.

1. Создајте си работна атмосфера

Подгответе се да остварувате успех на тој начин што ќе си создадете погодна работна атмосфера, со сите услови, без да имате околу себе нешто што ќе ви го одвлекува вниманието. Создајте си одредена дисциплина и свој распоред кој ќе го почитувате, поставете си ги на дофат алатките кои ви се потребни и оддалечете се од телевизорот. Доколку имате искушенија околу себе, вам ќе ви се намали продуктивноста, ќе ги пропуштите роковите и ќе станувате нервозни затоа што не можете навремено да ги остварите обврските. Исто така намалете ја комуникацијата со членовите на вашето семејство и фокусирајте се на она што го работите.

2. Јадете здрав ручек

Ако сакате да бидете продуктивни и да ја задржите силата во текот на целиот работен ден, тогаш јадењето здрав оброк е од суштинско значење. Многу е важно да јадете добро балансирани оброци, бидејќи скробот и масната храна може да ви дадат моментална енергија, но по одредено време ќе предизвикаат пад на истата. Целта е да ја наполните вашата чинија со свежо овошје и зеленчук и протеини со ниски масти за да ја сочувате енергијата која ќе ве одржува свежи преку целиот ден.

3. Излезете барем 15-тина минути на сонце

Наместо по цел ден да седите пред вашиот компјутер, направете си цел да излегувате надвор на сонце барем 15-тина минути. Надворешноста има бројни здравствени придобивки, а меѓу другото ќе го подобрите и своето расположение, а со тоа што ќе имате барем малку физичка активност, вие ќе си ја подобрите својата концентрација. Искористете го времето и прошетајте во природата – ништо нема да изгубите, од оваа навика можете само да добиете. Ако пак сѐ што ви треба е Интернет конекција, тогаш зошто да не размислите да работите и надвор, кога тоа ви го дозволуваат временските услови?

4. Вежбајте барем 30 минути

Тоа што сте зафатени никогаш не треба да ви биде изговор да не вежбате, бидејќи недостатокот на физичка активност и постојаното седење го намалува нивото на енергија, при што се спречува и вашата продуктивност. Тоа исто така значи и зголемена шанса за развој на хронични болести, дијабетес и болести на срцето, што може значително да влијае на вашата способност за работа во иднина. Затоа, практикувајте барем 30 минути вежбање за да го одржувате целокупното здравје. Освен тоа, ќе согорувате и калории при што ќе ја намалите телесната тежина. Доколку вежбате редовно, вие ќе си обезбедите здрав начин на живот, а и ќе имате подобри резултати од работата.

5. Наградете се себеси за успешно извршената работа

Практикувајте да се наградувате себеси после секоја остварена работна задача. Доколку работите постојано без да го одморите барем малку својот ум, може да ви се намали концентрацијата и процесот на остварување на задачите да го направите подолг. Затоа, наградете се себеси секогаш кога успешно ќе исполните некоја работна обврска, а наградите можете да си ги прилагодите во зависност од тоа колку ви дозволува природата на работата. На пример, може тоа да биде некоја кратка пауза за да ги прочитате најновите вести, или пак нешто подолго како што е излегување и прошетка во природа.

Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји - Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Имаат отворено 3 работни позиции:

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА НОВО СЕЛО

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА ГЕВГЕЛИЈА

ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ

ЗЕГИН започна со само еден вработен. Денес, бројот на вработени е над  500, од кои 300 имаат универзитетска диплома, 200 од нив имаат диплома по фармација и 20 се доктори на медицина. Останатите имаат диплома по економија, право, технологија, ветерината и инженеринг.

Имаат отворено 3 работни позиции:

ВОЗАЧ

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ

Денес во компанијата Deni Internacional се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).

Имаат отворено 7 работни позиции:

ВОДОИНСТАЛАТЕР ЗА ИЗВЕДБА НА ЗГРАДИ

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

 КЕЛНЕР

ВОЗАЧИ - „E“ КАТЕГОРИЈА

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ВО ТРАНСПОРТ

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР – ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР

ВОЗАЧ НА ЦИСТЕРНА

Основана во 2014 година, QiH е иновативен и водечки бренд во индустријата деловен дигитален маркетинг, специјализиран во индустријата за iGaming. Со канцеларии во Лондон и во Скопје, инвестираат многу во нивниот тим, нудејќи големи можности за развој на кариерата и раст и секогаш се во потрага по нови таленти.

Податоците се во срцето на она што го прават преку нашите две основни маркетинг поделби: Услуги за маркетинг на тау и Дигитални авантури. ТМС е сопственик на десетици брендови B2C Бинго и слотови во Велика Британија и меѓународните пазари, додека нивниот придружен бизнис, Дигитални авантури, испраќа сообраќај со голема вредност до некои од најголемите имиња во индустријата.

Имаат отворено 3 работни позиции:

SENIOR KEY ACCOUNT MANAGER

KEY ACCOUNT EXECUTIVE

HEAD OF HR

KARIERA.mk е сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување и им помага на кандидатите да ја најдат вистинската работа со тоа што може да аплицираат на активните огласи со само 1 клик.

Промовирани огласи »

Српската влада склучи договор со Грција за укинување на роамингот меѓу двете држави. Од 1 јули Србите нема да плаќаат дополнително за интернет и телефонски разговори додека престојуваат во Грција, туку цените ќе останат исти како да се во својата земја.

„Се работи за сложени преговори, иницирани од страна на Владата и регулаторот во Србија, со сите оператори кои работат во двете држави. Намалувањето на цените во роаминг, т.е. укинувањето на роамингот меѓу Грција и Србија ќе стапи во сила исто кога ќе се укине и роамингот за Западен Балкан, од 1 јули”, изјави српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ.

Таа објаснува дека ваквиот вид договор во ЕУ се нарекува “Роаминг како дома”, а во Западен Балкан тоа е Договор за укинување роаминг, што значи дека роаминг секогаш постои, но цените се намалуваат на ниво на национален сообраќај.

Надлежните во земјава не знаат како Србија успеала да склучи договор со Грција, како членка на ЕУ. Министерот за информатичко општество за Сител вели дека ќе се обиде во наредните денови да стапи во контакт со неговата српска колешка, со иницијаторите на проектот “нула роаминг” во Западен Балкан, но и со регулаторните тела во Грција и Бугарија, со цел да се најде начин истото да се издејствува и за Македонците кои ќе патуваат во соседните земји членки на Унијата.

Инаку, во февруари 2019-та година, тогашните ресорни министри од Македонија и Грција, Дамјан Манчевски и Никос Папас, склучија Меморандум, со што требаше да почне постепено да се намалува цената во роаминг меѓу двете земји, за конечно да се укине од 1 јули годинава.

Инаку, од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу шесте држави од Западен Балкан. Па така, Македонците кои ќе патуваат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија или Косово нема да плаќаат за роаминг, односно за интернет и телефонирање ќе плаќаат по редовните тарифи кои ги користат дома. Но, тоа нема да важи ако се патува во Грција или Бугарија.

Промовирани огласи »

А1 Македонија со големо задоволство ги претставува новите роаминг пакети со атрактивни цени и вклучен висок волумен на мобилен интернет преку кои корисниците ќе можат да останат константно поврзани, но и да ги споделат своите уникатни доживувања од ова лето. Од денеска, за сите Припејд и Постпејд кориснци на мобилната телефонија достапни се новите роаминг пакети A1 Roam Surf Greece и A1 Roam Surf EURO.

Со цел задоволување на корисничките потреби постојано да бидат онлајн, А1 го креира A1 Roam Surf Greece, пакет со кој корисниците можат слободно да сурфаат кога се во Грција, а притоа да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Со A1 Roam Surf Greece корисниците добиваат вклучени 10GB за 999 денари во Грција. Пакетот може да се активира преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999.

За корисниците коиво живо ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во Романија и Холандија, А1 го креира A1 Roam Surf EUROсо чие активирање  добиваат 5GB за само 499 денари, а можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со СМС порака со клучен збор START EURO на 140999.

Новите роаминг пакети на А1 Македонија се збогатување на досегашната понуда која овозможува комуникација во повеќе од 45 земји во светот со што корисниците се поврзани во секое време и на секоја дестинација. За деталите за останатите пакети за интернет во роаминг можете да се информирате со пристапување на следниот ЛИНК.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »