УПОЗ, синдикатот кој ги застапува вработените во јавната админситрација, по вчерашната владина седница денеска објави дека регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите од државната управа, па до вработените во агенциите, фондовите, општините и судовите.
На вчерашната седница на Владата беше усвоен ребалансот на Буџетот за 2021 година. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година, а согласно Гранскиот колективен договор склучен од Синдикатот на УПОЗ и Владата на Р. С. Македонија, се предвидоа и средства за исплата на регресот за годишен одмор за 2021 година.
Согласно Граснкиот колективен договор, регрес за годишен одмор ќе добијат вработените во органите на државната управа, стручните служби на Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје и општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Р.С.Македонија“, се вели во соопштението на синдикатот.
Премиерот Зоран Заев рече дека поради кризната година, К-15 не бил поделен за овие вработени во 2020, но според колективниот договор, во 2021 тоа треба да се испочитува.