Промовирани огласи »

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за работните односи, а кои се однесуваат на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на ноември минатата година. Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Измените овозможуваат продолжување на работниот однос до 67 години, но под строго дефинирани критериуми и постапка и само за дефицитарните кадри во здравството , во високото образование и научно истражувачката дејност.

Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

Измените на Законот кои беа предизборно ветување на владејачката коалиција, беа поднесени во Собранието во ноември лани. Според анализите на Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, дел од нив веќе поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после наполнување 64 години, а кој се однесува на 2021 година.

Промовирани огласи »

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2021 година.

Во Извештајот се потенцира дека банкарскиот систем продолжи да работи во услови на сè уште висока неизвесност поради пандемијата, потврдувајќи ја својата подготвеност да одговори на ризиците со кои е соочен и истовремено да обезбеди натамошна кредитна поддршка за економијата, соопшти централната банка.

На 31.3.2021 година, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 16,8 отсто, што е мало подобрување во споредба со крајот на 2020 година. Растот на сопствените средства, пред сè како резултат на реинвестираните добивки, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот.

Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување.

Во однос на кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5 отсто. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети. Покриеноста на нефункционалните кредити со исправка на вредноста е на ниво од 69,7 отсто, коешто останува солидно.

Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем продолжува со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност.

На седницата, Советот ја разгледа и Годишната информација за плаќањата во 2020 година. Податоците презентирани во Информацијата потврдуваат дека појавата на пандемијата ги забрза процесите на дигитализација на плаќањата. Каналите за дигитално извршување на плаќањата во 2020 година станаа сè позначајни, а особено електронското иницирање на кредитните трансфери и користењето на електронската трговија. Вкупниот број плаќања извршени во 2020 година забележа годишен раст од 10,2%, при зголемување од 15,6% на бројот на плаќањата извршени со платежни картички. Од друга страна, бројот на кредитни трансфери се намали на годишна основа за 3,6%. Ваквите движења придонесоа за натамошен раст на учеството на платежните картички (6,2 п.п.), коешто достигна 56,2% во вкупните плаќања.

Под влијание на корона-кризата,  во 2020 година граѓаните сè почесто гo користеле електронското банкарство за вршење на плаќањата, што придонесува кон значителен годишен раст на бројот на електронски иницираните кредитни трансфери од 31,3%, во услови на значително годишно намалување на бројот на кредитни трансфери иницирани на хартија од 17,8%.

Според платежната статистика, во 2020 година е забележан постојан раст на плаќањата со платежни картички за купување производи и услуги. Растот на плаќањата во трговијата со платежни картички издадени од домашни издавачи на уреди лоцирани во земјата  во 2020 година беше силен и изнесуваше 25,9%. Притоа, раст од 21% е забележан кај бројот на трансакции на физичките места на продажба, но впечатлив годишен раст од 2.2 пати е забележан кај плаќањата со картички на интернет.

Промовирани огласи »

За да имате безбеден и спокоен одмор во друга земја пред тргнување осигурајте се околу неколку детали кои може да бидат пресудни за вашиот одмор. 

Ова се насоките кои ги препорачува македонското МНР:

1. Проверете ја валидноста на пасошот (некои држави бараат пасошот да важи дури и 3-6 месеци по напуштањето на државата, а во одделни држави македонските граѓани можат да патуваат со важечка лична карта). 

2. Надлежните препорачуваат да се направат фотокопии од пасош / лична карта. Копијата ќе го олесни и забрза издавањето на патен лист во случај на загуба или кражба на пасош.

3. Проверете дали ви е потребна виза за земјата во која патувате.

4. Проверете кои валути се платежен инструмент, дали е можно плаќање со кредитна картичка и кој е минималниот износ на пари потребни за престој.

5. Почитувајте ги законите и обичаите на земјата во која патувате, истовремено почитувајќи ги локалните обичаи на облекување и однесување за време на вашиот престој. Имајте предвид дека во некои земји постојат закони кои предвидуваат долгорочна затворска казна и смртна казна за поседување на наркотици и други забранети супстанции.

6. Грижете се за себе и за вашата безбедност.

7.Кога влегувате на територијата на друга земја, може да има обврска за евидентирање на влез од страна на надлежните органи за спроведување на граничната контрола - во патната исправа се внесува влезен печат, со ознака на  граничниот премин и датумот на влез. Недостатокот на евидентирањето за влез може да резултира со високи парични казни и забрана за влез во поединечна земја.

8. Проверете ги информациите за безбедноста на воздушниот сообраќај тука и тука.

Промовирани огласи »

Граничниот премин Богородица-Евзони од денеска ќе работи 24 часа дневно, објавија грчките медиуми.

Најпрометниот премин помеѓу Македонија и Грција досега работеше од 7 до 23 часот.

Од денеска со целосно 24-часовно работно време ќе работат и граничните премини Дојран, Промахонас, Ники, Кастаниес, Кирои, Нимфаија, Орменеио, Кристалопиги и Какавиа.

Од 2 јули, 24 часа ќе биде отворен и граничниот премни Ексохи, јавуваат грчките медиуми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »