Промовирани огласи »

Стартапите, новите иновативни бизниси се моторот на новото време, на современите економии. Ние сме на правиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи.

Преку националниот стартап совет, тело кое е формирано пред отприлика 6 месеци, а го креиравме заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, имаме идеја нашата земја да стане старт ап хаб на Балканот.
Целта е, заедно со сите луѓе со кои се среќаваме често, да креираме нови политики и да направиме соодветна измена на оние каде што е потребно, за да креираме клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи.

Старт ап советот е со мешан состав и на сите им благодарам за несебичниот придонес кон креирање на поврзаниот систем кој им е потребен на нашите млади претприемачи.

Во моментов проектите на нашите стартапи се и до 70% финансирани од Фондот, или тоа значи дека се финансирани од државата односно буџетот. Ова во иднина мораме да работиме драстично да се промени.
Токму со националниот совет работиме на неколку законски решенија кои треба да доведат до промена на оваа слика.
Тоа се законот за бизнис ангели, кој е нужен за да може да се вклучи и приватниот сектор во финансирање и вложување во потенцијални успешни идеи. Искрено се надевам дека приватниот сектор ќе почнеме се повеќе да го гледаме како инвеститор во домашниот старт ап систем.

Работиме и на Законот за дигитални номади со кој ќе им се дозволи престој од 12 месеци на селектирана и таргетирана група странски државјани, дигитални номади. Овој процес треба да е лесен и едноставен, односно целосно да биде дигитализиран и без административни препреки.

Дополнително, во програмата на Владата е и скалестото намалување на данокот за личен доход за ИТ индустријата до 0% до 2023 година, што верувам дека ќе поттикне развој и инвестирање. 


Она што за прв пат го правиме во нашата држава е Стратегија за вештачка интелигенција. Ова исто така го работиме заедно со Фондот за иновации и технолошки развој и истата треба да ја поттикне и раздвижи оваа индустрија.
Во петокот со директорот на фондот, Коста Петров го најавивме и јавниот повик за првиот дигитален АИ асистент за програмите реализирани преку трите столба на Планот за економски расткој треба да ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите.

Дигиталниот АИ асистент треба да е “способен за брзо учење”, да овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.
Младите претприемачи се важен сегмент околу кој треба да се гради стратегијата за развој на домашната економија во иднина. Нивните иновативни методи како и волјата за работа сметам дека се предност и значаен адут за економијата, затоа Владата мора да најде начин да им помогне тие полесно да ги остваруваат целите.

Владата е таа која треба да им го олесни и да им го трасира патот за водење бизнис на младите претприемачи, пред сѐ на оние кои сакаат за првпат да започнат со сопствен бизнис. Но ние не треба да го креираме пазарот туку само да бидеме партнер кој им помага кога тоа им е потребно.

Токму затоа, Фондот за иновации и технолошки развој го претворивме во вистински дом за сите микро, мали и средни компании, а во неговото портфолио за само четири годиниима 642 компании, кои  реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 85,1 милиони евра. Од овие компании, речиси 51% од компаниите се стартапи, млади претпријатија, што значи дека сме успеале да поттикнеме развој на нови бизнис идеи.

Имено, во тоа се состои и главната суштината на финансиската поддршка која ја обезбедуваме како Влада, преку Фондот за иновации и технолошки развој. Охрабрување на ентузијасти да се осмелат да ја преточат својата уникатна идеја во реалност, а ние во тоа да им помогнеме и да им подадеме рака тогаш кога тоа им е најпотребно.
Силно верувам во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, тие се оние кои ќе не воведат во четвртата индустријализација. Со нив можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите, преку нив да работиме на се поголема инклузивност и диверзификација по сите основи.
За да можеме да го оствариме сето ова има неколку клучни точки кои мора да работат во синергија – првата точка е образованието. Тука треба да почне семето на претприемништвото, и да се храни храбриот и  иновативен дух на младите луѓе. Самите универзитети и професорите треба да земат активна улога во поттикнувањето на новите лидери кои ќе го променат светот.
Следни се инкубаторите и акцелераторите кои ќе вложуваат во ран развој, кој ќе даваат шанса на многу млади бизниси за да може од сите нив да се види кои ќе го поминат ситото и ќе преминат во следната фаза. По нив се инвестициските фондови, како Фондот за иновации, но и приватни фондови кои ќе вложуваат во супер креативни идеи на новото време. Секако, политиките и поставеноста на економскиот систем е работа на Владата и на тоа посветено работиме.
Заедно со националниот совет за стартапи веќе работиме на овие храбри чекори, се надевам дека ќе инспирираме што повеќе луѓе да се вклучат и ќе бидат понесени од идејата – Северна Македонија старт ап дестинација во регионот!

Фатмир Битиќи, претседател на Старт ап советот

Промовирани огласи »

Од катастрофалниот земјотрес што се случил на денешен ден имаме огромен број на сведоштва и страшни приказни. Нашите баби, дедовци, мајки и татковци можеби бледо се сеќаваат што точно направиле во тој неочекуван краток миг. Тие раскажуваат како го преживеале еден од најтрашните денови во историјата на Скопје.

Инженер раскажува дека додека работел доцна на своите трудови, во момент на паника ја фрлил својата мала керќа завиткана во душек од четврти кат за да ја спаси. Додека тој и неговата жена загинале, тој успеал да ја спаси својата керќа.

Исто така силниот потрес за среќа го преживеала 13 годишна ученичка Соња. Девојчето се разбудило од сон, скокнала да види што се случува. Исплашена, побегнала во аголот и легнала на подот, меѓу каучот и плакарот. Соња била зграпчена во тесен простор. Поминувале часови, денови...Младото девојче била таму три ноќи, четири дена и пет часа. Спасителите се изненадиле и израдувале на ваквото чудо.

Една старица што живеела во куќата на аголот каде што се сечеле улиците 11 Октомври и Ѓуро Салај, во близината на Зеленото пазарче, секое утро одела да купи млеко и леб за домашните. Излегле од куќата во тоа мирно, летно скопско утро, и пред продавницата се задржале, чекајќи во редицата. Потоа тргнале назад, и кога стасале точно пред куќата, се случил кобниот настан. Земјотресот. Со ужасен татнеж и потрес, куќата пред нив се урнала до темел.

Земјотресот во Скопје е еден од тие природни катастрофи, кој се случи на денешен ден во 1963 година. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. 

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија. Земјотрес бил 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

 

Промовирани огласи »

Рекоа дека ќе ја направат просечната плата од 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето, a ние  за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме, вели Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ. 

Буквално на 1.200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата, рече Битиќи.

Вели дека се залагаат платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата.

Замислете ВМРО користеа  ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе, рече тој.

Битиќи најави дека до крајот на годинава новите инвестиции ќе отворат 1.600 работни места

Промовирани огласи »

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.

 

Османи е за зелена дипломатија, вработените во МНР ќе користат електрични тротинети

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.

Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.

Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »