Промовирани огласи »

Пентагон ги утврди процедурите за спроведување и казнување на вработените што не се вакцинирани. Им дава повеќе од еден месец за целосно да се вакцинираат.

Во упатството, кое беше објавено во понеделникот, се вели дека цивилните вработени што одбиваат да се вакцинираат ќе се соочат со серија казни, вклучувајќи пет дена едукација и советување, 14 дена неплатено суспендирање и на крај, отказ поради непочитување директна наредба.

Овие дејствија ќе почнат на 22 ноември, датумот на крајниот рок за вакцинација. Постојат и други опции за казнување, иако не се кажува кои се тие.

Цивилните вработени што се ослободени од вакцинација или чекаат одлука за изземање нема да се соочат со казни. Вработените можат да се вакцинираат во текот на работното време и можат да земат два дена одмор по примањето на секоја доза, доколку доживеат несакани реакции.

Различни служби имаат различни рокови

Секоја служба има одредено рок за членовите да бидат вакцинирани. Воздухопловните сили го имаат најраниот рок, па така треба да се вакцинираат до 2 ноември. Морнарицата и маринскиот корпус имаат рок до 28 ноември. Армијата веќе има вакцинирано 91,4 отсто од активните војници, а нејзиниот рок за вакцинација е 15 декември.

Сѐ на сѐ, војската има стапка на вакцинација од 96,7 отсто меѓу активните работници, вклучително и целосно и делумно вакцинирани.

Ниту морнарицата ниту маринскиот корпус не овозможија верски исклучоци за припадниците на службата.

За разлика од војската, Министерството за одбрана нема систем за следење на вакцинациите во реално време за својата цивилна работна сила. Наместо тоа, цивилните вработени мора да им донесат доказ за вакцинација на нивните претпоставени, кои потоа ќе ги проверат и евидентираат информациите.

За вработените во Пентагон ова упатство не важи. Наместо тоа, тие мора или да бидат целосно вакцинирани или да покажат негативен ПЦР-тест пред да влезат во кој било објект.

Извор: CNN
Фото: Freepik

Промовирани огласи »

Такси-превозот во Скопје останува на иста цена, но наредни повисоки цени на горивата ќе значат и повик за барање за зголемување на цената договорена со Градот.

Сè повисоките цени на горивата го доведуваат во прашање и превозот на патници во земјава. Автобуските превозници најавуваат зголемување на цената на билетите за 20 отсто, ако до крајот на месецот не запре растот на горивата и не преземе нешто владата.

Такси превозниците во Скопје, засега не размислуваат за повисока цена на превозот, но дел од нив го намалија или укинаа попустот што беше во рамки на договорената цена со Градот. Тоа значи дека повисоката цена на горивото веќе влијае на заработката. Тие велат дека ќе следат што ќе се случува со цената на горивата и по потреба ќе реагираат.

И двата вида на превозници, меѓутоа, се плашат дека ќе ги изгубат и така малиот број на патници, ако ги зголемат цените на превозот и затоа бараат реакција на владата.

Автопревозниците од источниот дел на земјава веќе се состанале да ја разгледаат моменталната состојба. Тие утврдиле дека цената на билетот треба да се зголеми, со оглед на растот на цената на горивата, но ќе почекаат да заврши месецот за да видат дали горивата ќе имаат повисоки цени.

Со овие цени, а уште повеќе со повисоката цена на горивото ние во старт сме во загуба. Пресметките се дека нас една релација од 200 километри во земјава, на пример до Охрид или Струга ќе нè чини некаде околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари тоа е некаде 9.750 денари, што значи само ќе го покриеме горивото, а каде се возачот, режиските трошоци, таксите, сметководството и другите вработени кои се грижат за превозот. За позитивна нула значи ни се потребни 25 патници по сегашната цена на билетот, но тоа не може да се реализира – вели Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата на автобуски превозници Исток.

Пресметките на превозниците се дека во старт им се потребни најмалку 20.000 денари само за покривање на основните трошоци без никаква заработка.

За 200 километри ни се потребни 120 литри гориво, а тоа е 9.600 денари. Тука треба да го пресметаме и трошокот за возачот 2500 денари, потоа трошоците за влез и излез во станиците, за продажба на билетите и другите режиски трошоци за сметководство управител и најмалку еден вработен кој се грижи за навремен превоз и сето тоа во старт не чини околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари не можеме да го покриеме ниту горивото – појаснува Трпковски.

Тој додава дека и во договорениот превоз кој го имаат за училиштата, армијата и други институции трпат загуби.

Договорите се со пресметки направени на цена од 55 денари литар гориво. Зголемената цена во старт ни ги топи бројките, што значи до крајот на годинава до кога се договорите ние ќе возиме со загуби. Немаме калсузули во договорите за потпишување анекси ако цената на горивото се зголеми и тоа е тоа – вели Трпковски.

Промовирани огласи »

Спoред „The Verge“, Фејсбук се одлучил да го смени името на компанијата наредната недела, според извор на информации близок до самата компанија. За најавената промена на името, основачот Марк Зукерберг планира да одржи коференција на 28ми Октомври, но се претпоставува дека може да се одржи порано.

Ребрендирањето најверојатно ќе ја позиционира Фејсбук апликацијата како една од многуте социјални мрежи под матичната компанија како на пример Инстаграм, Ватсап и слично. На едно интервју вработен во Фејсбук одбил да коментира за оваа приказна.

Марк Цукерберг многу повеќе зборува за тоа да стане компанија која повеќе ќе се смета за „мета-бизнис“, а претходно оваа недела гигантот за социјални медиуми објави планови за вработување на 10.000 луѓе низ ЕУ, за да помогне да се искористи идејата.

Фејсбук помина низ процес на ребрендирање уште во 2019 година, каде што откри ново лого за компанијата. Идејата зад ова беше да се разликува компанијата Фејсбук од апликацијата Фејсбук . Иако ова го прави Фејсбук да се издвојува, луѓето природно сè уште ја поврзуваат компанијата со апликацијата.

Новото име за матичната компанија може да му помогне на Фејсбук да се разликува од своите производи.

Промовирани огласи »

Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.

Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министер.

За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи дека е „за“ насочени мерки за помош на најпогодените семејства од економската ситуација.

Задачата на државата е да го заштити населението, ние мора да им помогнеме на оние што работат или бараат работа, увери министерот. Според него, доколку се воведе субвенција за скапо гориво, таа ќе биде доделена на ниско платени лица и невработени.

Бруно ле Мер, исто така, го поддржа евентуалното намалување на тарифите за електрична енергија од страна на владата, кои веќе неколку недели растат во Франција.

Ако не направиме ништо, струјата ќе скокне за 15 отсто, предупреди министерот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »