Промовирани огласи »

KARIERA.mk со задоволство ве информира за сите отворени работни места! Доколку итно бараш работа, ова е содржина која задолжително треба да ја прочиташ. Твојата апликација за новото работно место е одлука за промена и унапредување на твојот кариерен пат! 

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Првата продавница на брендот Техномаркет е отворена во Скопје,на улица Скупи, на површина од 1.750 м2.Набрзо потоа беше отворен и најголемиот продажен салон на Техномаркет во Скопје - кај Градскиот Стадион во Градски Парк и првиот продажен салон надвор од Скопје - во Битола. Денес, Техномаркет Македонија има 19 продажни салони ширум земјава, со тенденција за отворање на уште нови – во сите поголеми градови низ Македонија, сопствена логистичка мрежа како и онлајн продавница. Во моментот имаат активни интервјуа за ПРОДАВАЧИ во Скопје.


Првата линценцирана агенција за обезбедување на лица и имот на територијата на Република Северна Македонија ОСА ДООЕЛ Скопје, има потреба од кандидат на следната работна позиција: РАБОТНИК ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ за трговски центар Skopje East Gate Mall, со или без искуство.



Одличната компанија VITAMEDIA Group, објавува отворени огласи за де позиции 
SALES ACCOUNT MANAGER
WEB DEVELOPER

City Connect, водечки бренд во корисничката поддршка има 6 активни огласи за кои нуди одлични бенефити и услови за работа
ПРОЕКТ МЕНАЏЕР
СПЕЦИАЈЛИСТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ТИМОТ
ТРЕНЕР
ТИМ ЛИДЕР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ХОЛАНДСКИ ЈАЗИК

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1 Македонија, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. Токму овој период од годината, регрутираат нови членови во скоро сите тимови од компанијата. ТУКА, можеш да ги погледнеш отворените работни места и деталите за нив. 

Доколку барате огласи за работа од IT светот, Axapta Masters нуди разновидни слободни работни места и пракси кои мошете да ги разгледате ТУКА.

MERE маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година (со име СВЕТОФОР - во Русија), има отворено веќе продажни објекти и во Србија кои наидоа на одличен одзив кај српските граѓани а во план се да да отворат 100 маркети со површина од околу 1000 м2.  Во моментов имаат отворено маркети во над 10 земји во светот со политика на ниски цени  кои се за 20% пониски од останатите маркети и асортиман со 1500 разни видови на артикли. Активно пребаруваат МЕНАЏЕРИ НА МАРКЕТИ за Охрид, Скопје,Куманово, Прилеп. како и МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ и СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР со познавање на руски јазик.

За потребите на проекти поддржани од USAID, потребни се КОНСУЛТАНТИ од сферата на економијата, правото и јавната администрација

Ланецот на ресторани ТРЕНД, го збогатува својот тим и вработува 
ШАНКЕРИ
САЛАТЕРИ
КУВАРИ
КЕЛНЕРИ

Доколку сте познавачи на ШПАНСКИ или ГЕРМАНСКИ јазик, тогаш задолжително погледнете ги огласите на Big Business Solutions.

Везе Шари еден од најголемите производители на свежи конзумни јајца во Македонија своите почетоци ги има од 2000 година, во село Требош, Тетово, како заедничка германско-македонска инвестиција со вградена целосна германска технологија. Денес вработуват 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА РЕОН СКОПЈЕ
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
ДИСТРИБУТЕР ЗА РЕОН ТЕТОВО

Доколку ниту една од овие компании не ти фати око, провери ги сите останати активни огласи за вработување на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Пентагон ги утврди процедурите за спроведување и казнување на вработените што не се вакцинирани. Им дава повеќе од еден месец за целосно да се вакцинираат.

Во упатството, кое беше објавено во понеделникот, се вели дека цивилните вработени што одбиваат да се вакцинираат ќе се соочат со серија казни, вклучувајќи пет дена едукација и советување, 14 дена неплатено суспендирање и на крај, отказ поради непочитување директна наредба.

Овие дејствија ќе почнат на 22 ноември, датумот на крајниот рок за вакцинација. Постојат и други опции за казнување, иако не се кажува кои се тие.

Цивилните вработени што се ослободени од вакцинација или чекаат одлука за изземање нема да се соочат со казни. Вработените можат да се вакцинираат во текот на работното време и можат да земат два дена одмор по примањето на секоја доза, доколку доживеат несакани реакции.

Различни служби имаат различни рокови

Секоја служба има одредено рок за членовите да бидат вакцинирани. Воздухопловните сили го имаат најраниот рок, па така треба да се вакцинираат до 2 ноември. Морнарицата и маринскиот корпус имаат рок до 28 ноември. Армијата веќе има вакцинирано 91,4 отсто од активните војници, а нејзиниот рок за вакцинација е 15 декември.

Сѐ на сѐ, војската има стапка на вакцинација од 96,7 отсто меѓу активните работници, вклучително и целосно и делумно вакцинирани.

Ниту морнарицата ниту маринскиот корпус не овозможија верски исклучоци за припадниците на службата.

За разлика од војската, Министерството за одбрана нема систем за следење на вакцинациите во реално време за својата цивилна работна сила. Наместо тоа, цивилните вработени мора да им донесат доказ за вакцинација на нивните претпоставени, кои потоа ќе ги проверат и евидентираат информациите.

За вработените во Пентагон ова упатство не важи. Наместо тоа, тие мора или да бидат целосно вакцинирани или да покажат негативен ПЦР-тест пред да влезат во кој било објект.

Извор: CNN
Фото: Freepik

Промовирани огласи »

Такси-превозот во Скопје останува на иста цена, но наредни повисоки цени на горивата ќе значат и повик за барање за зголемување на цената договорена со Градот.

Сè повисоките цени на горивата го доведуваат во прашање и превозот на патници во земјава. Автобуските превозници најавуваат зголемување на цената на билетите за 20 отсто, ако до крајот на месецот не запре растот на горивата и не преземе нешто владата.

Такси превозниците во Скопје, засега не размислуваат за повисока цена на превозот, но дел од нив го намалија или укинаа попустот што беше во рамки на договорената цена со Градот. Тоа значи дека повисоката цена на горивото веќе влијае на заработката. Тие велат дека ќе следат што ќе се случува со цената на горивата и по потреба ќе реагираат.

И двата вида на превозници, меѓутоа, се плашат дека ќе ги изгубат и така малиот број на патници, ако ги зголемат цените на превозот и затоа бараат реакција на владата.

Автопревозниците од источниот дел на земјава веќе се состанале да ја разгледаат моменталната состојба. Тие утврдиле дека цената на билетот треба да се зголеми, со оглед на растот на цената на горивата, но ќе почекаат да заврши месецот за да видат дали горивата ќе имаат повисоки цени.

Со овие цени, а уште повеќе со повисоката цена на горивото ние во старт сме во загуба. Пресметките се дека нас една релација од 200 километри во земјава, на пример до Охрид или Струга ќе нè чини некаде околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари тоа е некаде 9.750 денари, што значи само ќе го покриеме горивото, а каде се возачот, режиските трошоци, таксите, сметководството и другите вработени кои се грижат за превозот. За позитивна нула значи ни се потребни 25 патници по сегашната цена на билетот, но тоа не може да се реализира – вели Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата на автобуски превозници Исток.

Пресметките на превозниците се дека во старт им се потребни најмалку 20.000 денари само за покривање на основните трошоци без никаква заработка.

За 200 километри ни се потребни 120 литри гориво, а тоа е 9.600 денари. Тука треба да го пресметаме и трошокот за возачот 2500 денари, потоа трошоците за влез и излез во станиците, за продажба на билетите и другите режиски трошоци за сметководство управител и најмалку еден вработен кој се грижи за навремен превоз и сето тоа во старт не чини околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари не можеме да го покриеме ниту горивото – појаснува Трпковски.

Тој додава дека и во договорениот превоз кој го имаат за училиштата, армијата и други институции трпат загуби.

Договорите се со пресметки направени на цена од 55 денари литар гориво. Зголемената цена во старт ни ги топи бројките, што значи до крајот на годинава до кога се договорите ние ќе возиме со загуби. Немаме калсузули во договорите за потпишување анекси ако цената на горивото се зголеми и тоа е тоа – вели Трпковски.

Промовирани огласи »

Спoред „The Verge“, Фејсбук се одлучил да го смени името на компанијата наредната недела, според извор на информации близок до самата компанија. За најавената промена на името, основачот Марк Зукерберг планира да одржи коференција на 28ми Октомври, но се претпоставува дека може да се одржи порано.

Ребрендирањето најверојатно ќе ја позиционира Фејсбук апликацијата како една од многуте социјални мрежи под матичната компанија како на пример Инстаграм, Ватсап и слично. На едно интервју вработен во Фејсбук одбил да коментира за оваа приказна.

Марк Цукерберг многу повеќе зборува за тоа да стане компанија која повеќе ќе се смета за „мета-бизнис“, а претходно оваа недела гигантот за социјални медиуми објави планови за вработување на 10.000 луѓе низ ЕУ, за да помогне да се искористи идејата.

Фејсбук помина низ процес на ребрендирање уште во 2019 година, каде што откри ново лого за компанијата. Идејата зад ова беше да се разликува компанијата Фејсбук од апликацијата Фејсбук . Иако ова го прави Фејсбук да се издвојува, луѓето природно сè уште ја поврзуваат компанијата со апликацијата.

Новото име за матичната компанија може да му помогне на Фејсбук да се разликува од своите производи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »