Промовирани огласи »

Професорот и претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека актуелното поскапување на цените на основните и другите производи не се должи на зголемувањето на цената на електричната енергија на слободниот пазар., туку дека таквиот бран на инфлација допрва доаѓа.

Сега во интерес на вистината да кажам дека барем до сега овој раст на цените што го имавме не се должи на зголемените цени во тој обем на енергенсите, на електричната енергија, затоа што тоа допрва доаѓа, затоа што се најдовме во една незгодна ситуација да набавуваме на дневна основа електрична енергија по највисоки цени и тоа нормално во иднина, со извесно задоцнување ќе има негативен ефект на растот на цените. Од друга страна на растот на цените, тоа мора да го признаеме влијаат и некои мерки кои што беа неопходно во минатото. Минатата година ние имавме значителен пад од над пет проценти на Бруто домашниот производ, рецисија во четири квартали, а со задолжување од надвор се поддржуваа доходите на одредени социјални групи, се делеа плати или субвенции на претпријатијата и таа куповна моќ, сега соочена со помало производство, нормално притиска на цените, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Славески, мерката на замрзнување на цените на основните производи од страна на Владата до 31 јануари 2022 е популистичка и нема да ги реши долгорочните проблеми.

Не во никој случај. Слушнавме и од стопанството, од компаниите дека ова е една популистичка мерка, која нема да повлијае на заштита на животниот стандард. Затоа што кога го пригушувате стандардот, особено кога се работи за отстапување на она што се трошоци за производство или набавка, знаеме ние дека во нашата дневна палета на производи што ги користиме, користиме значителен обем на производи кои што се од увоз, тука ние не можеме да влијаеме. Реперкусиите ќе се или недостаток на некои артикли на пазарот со замрзнати цени, сива економија и слично. Ова е една непазарна мерка која треба што побрзо да се напушти, да се влијае на факторите, кои придонеле до таков дисбаланс, до таква дестабилизација. Само да потсетам ние во 2007-2008 година имавме слична ситуација со цените на енергијата. Да потсетам, нафтата во јули 2008 година достигна цена од 142 долари за барел, сега не е повисока од 75-80 долари беше највисоката и после се симна. Имавме драматичен пораст на цените на житарките на светските пазари. Не замрзнавме цени, тоа е едно добро менаџирање на состојбите, инфлацијата се покажа од времен карактер и цените се смирија за само неколку месеци. Мислам дека лошо се менаџира, тврди тој.

Промовирани огласи »

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) продолжуваат да се појавуваат како една од најголемите светски јурисдикции погодни за криптовалути, бидејќи владата на Дубаи има нова иницијатива за поддршка на локалниот развој и регулација на криптовалутите.

Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC), државен објект за настани и изложби во Дубаи, ќе стане сеопфатна зона и регулатор на криптовалути.

Проектот, исто така, има за цел да спроведе ригорозни стандарди за заштита на инвеститорите, мерки за спречување на перење пари и борба против финансирањето на тероризмот, наведе DWTC.

„Светскиот трговски центар ќе испорача и ќе ја надгледува новата регулаторна рамка од светска класа за законодавни и извршни политики за виртуелни средства“, се вели во соопштението.

Иницијативата доаѓа во согласност со растечките напори на Дубаи да го поддржи развојот на крипто, бидејќи и Дубаи и ОАЕ работеа на тоа локалната економија да има корист од блокчејн технологијата, како и од незаменливите токени и криптовалути.

Во јануари, Управата за финансиски услуги во Дубаи планираше да воспостави крипто-регулаторна рамка како дел од својот деловен план за 2021 година. Органот досега издаде серија регулаторни одобренија за крипто индустријата, додека Дубаи стана место за неколку слободни економски зони за крипто.

Промовирани огласи »

Како што Apple секоја година воведува нови модели на своите iPhone телефони, така овој технолошки гигант воведува и нова верзија на оперативниот систем за своите телефони. Една од работите кои ги издвојува iPhone или iOS од Android е тоа што новите верзии се достапни во исто време за сите телефони претставени во рок од неколку години.

Со секоја нова верзија доаѓаат и нови опции со кои телефоните добиваат дополнителни функции. Додека некои нови опции се добро познати на сите – како на пример додавање виџети на главниот екран кои се достапни уште од последната генерација на iOS, постојат голем број на помалку познати, но исклучително корисни опции за кои многу корисници не се свесни.

За да ги запознае своите корисници со ваквите опции, Apple објави видео на YouTube со десет корисни совети кои ќе го подобрат искуството за користење на iPhone. Погледнете ги сите совети во приложеното видео подоле.

Промовирани огласи »

Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА.

Тој не сака да навлегува во предвидувања колку ќе поскапи струјата по 1 јануари, но нагласува дека како Влада направиле се што е во нивна моќ за да осигураат евентуалното поскапување да не биде како што некои најавуваат.

Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакнува вицепремиерот.

За ранливите категории на граѓани ќе бидат обезбедени ваучери за енергетски додаток и ќе се прошири целната група.

И претходно го имаа овој додаток, но тој беше вкалкулиран во социјалната помош. Тој ваучер сега ќе се прошири со поголема целна група и ќе оди директно како енергетски додаток за да се ублажи евентуалниот удар од можното зголемување, вели Битиќи.

За цените на основните прехранбени продукти кои се замрзнати до 31 јануари, вицепремиерот вели дека будно се следи ситуацијата и доколку е нужно, ќе бидат воведени и други мерки.

Битиќи не е застапник на тоа Владата да интервенира во пазарната економија со замрзнување на цените и со лимитирање на маржа, бидејќи смета дека сите чинители во општеството треба да бидат совесни и да не ги користат евентуалните можности за да ги зголемуваат цените, но, за жал, како што вели, се уште како општество не сме дораснати за вистинските пазарни вредности.

Има еден концепт за кој се залагам повеќе од 20 години, а тоа е дека секогаш кога правиш нешто, прави го, но да не му наштетиш на другиот. Тоа значи да профитираш за себе, но ако заради твојот профит, тоа го правиш на грбот на стотици луѓе, сметам дека тоа не е етички и морално и според правилата на игра не би требало да се применува. Јас сум еден од првите кој најави дека ќе бидеме многу ригорозни кон компаниите ако има здружување и договарање на цени на одредени продукти затоа што тоа му наштетува на основниот принцип на пазарната економија. Јас сум поборник да елиминираме такви појави, а не да замрзнуваме цени. Но за жал, моравме да го направиме тоа затоа што во нашето општество не сме се уште дораснати за вистинските пазарни вредности кои треба да ги имаме, нагласува вицепремиерот Битиќи во интервјуто. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »