Промовирани огласи »

Цените на становите пораснале за 40 отсто досега и поскапувањето ќе продолжи, тврдат претставниците на градежните комори. Зголемувањето на цената било поради растот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што, како што велат, се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, пренесува МИА.

Градежната фела на крајот на минатата годината испорача барања до Владата за антикризни мерки заради порастот на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки, каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки и каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена.

„Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според претседателот на Градежната комора при Стопанската комора на Северозападна Македонија Салим Хасани, градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет  работеа со позитивни биланси, но поголемиот развој зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што, наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Ивица Јакимовски, претседател на  Градежната комора при Сојузот на стопански комори, пак, вели дека градежниот сектор е подготвен да го промени трендот,  со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, покажуваат дека побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во  зависност од побарувачката и на поатрактивните локации се повисоки. Се зголемија и цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините.

Регистарот на цени и недвижности покажува дека во третиот квартал лани имало 9.231 трансакција, значително повеќе во однос на претходните два квартала кога имаше околу 7.500, што се исто така поголеми бројки во однос на претходната прва пандемиска година. Од 9.231 трансакција, 7.277 биле продажби на недвижности, а 1.954 закупи на недвижен имот.

Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Според тврдењата на приватните инвеститори, квадратен метар станбена површина се продава и до 1.500 евра во општини како Центар и Карпош.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови,  а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.. Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата

Извор МИА

Промовирани огласи »

Паметните телефони и интернетот сменија речиси сè, вклучувајќи го и нашето помнење. Со неограничен број на информации на дофат, не е изненадување што нашата способност да помнење започна да атрофира.

Без разлика дали учите нов јазик или само се обидувате да го запомните кодот за пристап до вратата од вашата канцеларија, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат поефикасно да ги запомните информациите.

За понапорни задачи, визуелизирајте делови од местото каде што се наоѓате (на пр. собите од вашиот дом). Оваа техника ги користи вашите вештини за навигација и просторна меморија за да ви помогне да се потсетите на делови од информации на линеарен начин.

Една техника која може да ви помогне да запомните списоци се нарекува поврзување или асоцијација. Со ментално поврзување на ставките од линијата една со друга на креативен начин, ќе имате поголема веројатност да запомните отколку ако едноставно сте се обиделе да ја запаметите листата на памет.

Покомплексните информации - на пример долги броеви - полесно се запомнуваат кога ги делиме на делови. Познат пример за „делење“ е начинот на форматирање на телефонските броеви. 

Промовирани огласи »

Бројни студии од угледни универзитети и лаборатории покажаа дека варијантата Омикрон значително го „намалува“ имунитетот стекнат со Ковид-19.

Според извештајот на Кралскиот колеџ за лекари во Лондон, ризикот од повторна инфекција со Омикрон се проценува на 5,4 пати поголем отколку со Делта, пренесува imperial.ac.uk.

Тоа значи дека заштитата од реинфекција со Омикрон е околу 19 отсто, се вели во студијата.

Конкретно, британската студија „СИРЕН“ за инфекции со коронавирус меѓу здравствените работници покажа дека претходната инфекција обезбедила околу 85 проценти заштита на лицата кои го имале вирусот во претходните шест месеци.

Инаку, во студија објавена во декември оваа заштита е падната на 19 проценти кога е во прашање Омикрон.

Промовирани огласи »

НОВА ГОДИНА, НОВИ ВИЕ! И среќно засекогаш! Време е да се подготвиме за промени, бидејќи ова не е само обичен датум, нели? Збогувајте се со старата година и посакајте и добредојде на новата на најдобар можен начин. Ако во вашите планови за 2022 година, под број 1 на листата е ново работно место тогаш сигурно би сакале да ги погледнете компаниите кои вработуваат во моментов!

 Прекрасниот хотел Double Тree by Hilton вработува КОЗМЕТИЧАР/КА.

Shortlist агенција за дигитален маркетинг со целосна услуга која им обезбедува на бизнисите оптимизација на страницата, стратегија за содржини, истражување на клучни зборови, градење врски, развој на веб и брендирање во моментов е во потрага по BUSINESS DEVELOPMENT REPRESENTATIVE.


VALIDATA DEVELOPMENT EOOD мултинационална компанија која развива иновативни производи за банкарскиот сектор и нуди имплементација и консултантски услуги за своите клиенти низ целиот свет, вработува SENIOR C# .NET DEVELOPER

Open GI е специјализирана софтверска компанија која нуди уникатни и широко користени решенија во осигурителната индустрија. Во моментов има отворени работни места за:

QUALITY ASSURANCE ENGINEER

UI/UX DESIGNER

LEAD DEVELOPER (ANGULAR)

IT SYSTEMS ADMINISTRATOR

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. Во моментов има слободни работни места:  

SERVICE DESK SUPPORT ENGINEER

RELEASE MANAGER 

SERVICE DELIVERY ENGINEER

Cargobox Logistics- Скопје, една од најбрзо растечките логистички компании бара: KEY ACCOUNT MANAGER и JUNIOR ACCOUNT.

KROMBERG & SCHUBERT MACEDONIA BT DOOEL глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која опфаќа четири деловни единици: кабли, вградни мрежи, технологија за пластика и мехатроника. Своите производи ги обезбедува на најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...), и вработува над 40.000 луѓе ширум светот на повеќе од 30 различни локации. Погледни ги сите отворени работни позиции ТУКА

РЕСТОРАН ЕКВИЛИБРИУМ има потреба од персонал: 

САДОПЕРАЧ/КА 

САЛАТЕР/КА

ГОТВАЧ/КА 

КЕЛНЕР/КА

ВОЗАЧ/ДОСТАВУВАЧ

СОНИКС ДООЕЛ има отоворени работни позиции, погледни ги сите ТУКА

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. НЕУРОМЕДИКА го проширува тимот со следниве работни позиции

Доколку не го пронајдовте идеалниот избор за вашето идно работно место, погледни уште многу отворени работни места ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »