Промовирани огласи »

На први јули годинава кутија цигари се очекува да поскапи за околу четири денари, а до 2023 година се очекува цената на една кутија цигари да биде повисока и за 40 денари во однос на сегашната.

Согласно регулативите за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија.

Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа.

Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат најмалку по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 70 денари ќе чини над 110 денари.

Но во Македонија покачувањето на акцизата не секогаш се врзува со поскапувањето на цигарите во малопродажбата. Минатата година некои производители се решија цените да не ги покачат веднаш и акцизата да ја компензираат од сопствените приходи. Други производители пак поскапувањето го направија порано. Во Македонија оваа година веќе имаше еден бран на поскапување на цигарите.

Промовирани огласи »

Бројот на Британци кои станале германски државјани пораснал за 361 отсто во 2016 година, објави Државната канцеларија за статистика, што покажува дека многумина стравуваат дека Брегзит, ќе им го отежне или оневозможи животот и работата во Европската Унија, пренесува Reuters.

Вкупно 2865 Британци минатата година добиле германско државјанство, а се очекува оваа година таа бројка да биде во пораст.„Очигледна е врската со Брегзит“, објави Државната канцеларија за статистика.

Дел од Британците стравуваат од „тврд“ Брегзит, кој земјата ќе ја исклучи од единствениот пазар и дека ќе им го ограничи движењето. Минатата година германско државјанство добиле 110.400 странци, што е за 2,9 отсто повеќе од претходната година.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во 2019 година.

Промовирани огласи »

Речиси 92 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека електричните уреди што ги купуваат се програмирани да траат покус период, односно да се покаже дефект веднаш по истекот на гаранцијата.

Поради ова Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент усвои извештај за продолжување на рокот на употреба на уредите.

Усвоени се сите предлози на хрватската европарламентарка Биљана Борзан, која побарала забрана за програмиран дефект, поголема достапност до резервни делови на пазарите, како и воведување ознаки за минимален рок на употреба на апаратите.

Во претходна студија, спроведена во соработка со европски потрошувачки центри, се укажува дека машините за перење облека се програмирани на одреден број вртежи, телевизорите на неколку илјади работни часови, а печатарите на испишување одреден број страници.

Европскиот социјален и економски совет веќе објави студија за влијанието на рокот на траење на производи врз продажбата.

Предлогот сега го усвои и ЕП. Голем број европски држави веќе развија закони за проблемот со дефект на уредите. Во Франција со закон е забрането програмиран дефект. Во Австрија постои ознака што се става на електрични уреди кои подолго траат и лесно се поправаат, а во Шведска луѓето имаат даночни олеснувања доколку однесат електричен уред на поправка.

Промовирани огласи »

Прогнозите на Светската банка покажуваат дека глобалната економија ќе постигне реална стапка на раст од 2,8% меѓу 2017 и 2019 година. 

Растот во Кина благо забавува, но Светската банка сепак проценува дека економијата ќе расте за 6,5% оваа година и за 6,3% во 2018 и 2019 година.  Околу 35,2% од растот на глобалниот бруто домашен производ (БДП) ќе дојде од Кина во текот на овој период, што ќе го зголеми економското производство на земјата за 2,3 трилиони долари.

Индонезија е една од земјите кои ќе го стимулираат најмногу светскиот економски раст.

Всушност четвртата по големина на населението земја во светот ќе придонесе со 2,5% во растот на глобалниот БДП во наведениот период, додавајќи уште 160 милијарди долари кон својот БДП од 941 милијарди долари. Светската банка прогнозира економски раст на земјата од 5,3% оваа година и 5,5% во следните две години.

Се очекува САД  да придонесе значително кон глобалниот раст, но Светската банка има сериозно предупредување за изгледите во следните години.

Институцијата вели дека намалувањето на даноците, предложено од администрацијата на Трамп, теоретски ќе го зајакне американскиот и глобалниот раст, ако се примени. Предвид хаосот во сегашната политичка средина во САД сепак намалувањето на даноците засега се одложува, а некои аналитичари се повеќе сметаат дека тоа воопшто нема да се случи.

И покрај сѐ, земјата е на второ место по придонес кон глобалниот раст, откако се очекува од 2017 и 2019 година на САД да се паѓа 17,9% од него.

Другите земји кои ќе дадат свој придонес за светскиот економски раст се Јужна Кореја (2,0%), Австралија (1,8%), Канада (1,7%), Велика Британија (1,6%), Јапонија (1,5%), Бразил (1,2% ), Турција (1,2%), Мексико (1,2%), Русија (1,0%) и Иран (1,0%).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »