Комерцијалист

За компанијата: ЈОКИ на Македонскиот пазар постои од 1999 година и е компанија која се занимава со трговија на големо и мало и монтажа на опрема за централно греење, климатизација, соларна енергија и водовод. повеќе за компанијата »

Поради зголемениот обем на работа, фирмата Јоки Дооел сака да го прошири својот тим. Ако сакате да станете дел од нашиот тим а при тоа сте динамична и одговорна  особа, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.

 

Што е тоа што го бараме:
Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
Возачка дозвола Б-категорија
Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
Добро познавање англиски јазик
Чувство за односи со клиенти

Предност со работно искуство во струката

Краток опис на основните одговорности:
Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
Генерирање и проследување нарачки до производителот;
Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
Подготовка на соодветна документација за продажба;
Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Нудиме атрактивен бенифициски пакет комбиниран со месечен бонус и можност за континуирано учење и раст заедно со најголемите брендови на македонскиот пазар.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Сите заинтересирани да пратат CV на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »