Специјалист за дигитални маркетинг комуникации

  • Објавен на 3.2019
  • Кајгана Медиа
  • Активен до 15.03.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 026133033

Специјалистот за дигитални комуникации ќе биде одговорен за дигиталните активности на дел од нашите клиенти кои веќе имаат силно присуство на дигиталните медиуми.

Работни обврски и одговорности 

- Развој на стратегии за дигитални комуникации и нивна реализација

- Креирање на комуникациски планови и содржина за комуникација на социјални мрежи

- Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи

- Мониторинг, анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали

- Креирање извештаи

Потребно знаење и вештини: 

- Реално искуство со планирање, менаџирање и реализација на дигитални иницијативи

- Познавање на комуникациски стратегии и медиумските улоги во интегрираните комуникации

- Одлични комуникациски и аналитички способности

Искуство/образование:

- 2+ години работно искуство

- Завршено високо образование (предност маркетинг, новинарство, е-бизнис)

- Искуство со социјалните мрежи Facebook, Тwitter, Instagram, YouTube

- Искуство со пишување и уредување содржини за дигитални медиуми

Доколку си подготвен да помогнеш нашите клиенти да добијат најмногу од тоа што го создаваме и да учествуваш во возбудата која ја креираме, тогаш би сакале да те видиме. Те молиме да ни испратиш:

- Твоето резиме

- Релевантни дипломи, сертификати и писмо со препораки (доколку ги имаш)

на  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Огласот е отворен до 30.03.2019 година. 

Само избраните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »